Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Ти ќе постанеш личноста која Бог те створил да бидеш кога ќе ја примиш моќта која Тој ја создал за тебе да ја поседуваш. Јас можам да бидам неверојатно емотивна личност и понекогаш сѐ што можам да правам е да размислувам за себеси и моите чувства. Ти не си создаден за да ги искажуваш твоите неконтролирани емоции туку за да создаваш плод, за добри дела, за Божјото царство и за моќ!
Има две различни фрази во Писмото што ќе ги прочитаме денес, кои имаат потенцијал да ви го променат животот и да ве насочат на патот до вашата емоционална судбина. "Ќе примите сила," е една од највозбудливите фрази од Новиот Завет. Ќе добиете сила! Тоа значи дека ти не мораш да се бориш со својата сила низ животот! Не мораш да го носиш низ животот целиот свој емоционален отпад и генерациски товар кој ти тежи! Се додека не ја примиш моќта на Светиот Дух ти нема никогаш да можеш да поставиш авторитет врз својата емоционална хистерија.
"... и ќе ми бидете сведоци," е второто ветување од овој добро познат стих. Преку примање на моќта на Светиот Дух ти е овозможено да постанеш она што Бог те создал да бидеш! Потребна ти е Божја сила за да бидеш сведок за Неговата природа во сегашно време. Ќе ја примиш силата и ќе постанеш тоа што треба да бидеш!
Ти нема никогаш да успееш да постанеш она што Бог наумил да бидеш, се додека не ја примиш Неговата сила. Исус знаеше дека не би можеле да живееме живот во изобилство на планетава без силата на Светиот Дух, поради тоа, Тој ја направи таа сила достапна за нас. Понекогаш се молам за ова по неколку пати во денот поради тоа што моментално сум жена која очајува:
Духу Свети, исполни ме со Твојата моќ! Го посакувам сето она што имаш да ми го дадеш, ги сакам сите Твои плодови и дарови. Ја посакувам Твојата сила повеќе од било што друго во овој ден. Јас ќе се молам за чуда и оздравување доколку го побараш тоа од мене! Го посакувам сето она што го имаш за мене, сакам трпение и самоконтрола, исто како и додатен мир, радост и љубов. Ќе го примам секое делче сила кое ќе го дофрлиш према мене.
И, што ќе правиш тогаш? Епа ... тогаш започнуваш да го правиш тоа што секој емоционално промент човек мрази да го прави - да чека.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com