Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Една од освежувачките навики кои можеш да ги практикуваш, е да избереш да поминеш време во славење, во текот на секој ден. Од основна важност е да разбереш дека времето кое го одвојуваш за славење, ќе ти овозможи да ги издржиш и надминеш бурите низ кои поминуваш во животот. Секојдневното славење на Господ додека се тушираш, додека возиш, дури и кога одиш на прошетка може да ти ги покаже рајските хоризонти во ситуациите низ кои поминуваш. Пеењето во тек на миење садови или диплење алишта ќе ти послужи како извор на радост во твоето срце. Ако си од оние Христијани со духовна анорексија кои пеат песни за славење само во неделите, треба да знаеш дека го пропушташ најдобриот дел од животот! Верувај ми - не сакаш да го пропуштиш задоволството кое се наоѓа во чистење на пепелта и прашината во твојот живот, да се ослободиш од тагата и да ја облечеш херојската наметка за славење која Исус ти ја овозможил да ја имаш. Ова е најголемата размена која се случила во историјата на времето: ти му ја даваш Нему твојата болка и твоето скршено срце, додека тој ти ја дава наметката за славење која ја носат хероите!
Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com