Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

13 ДЕН ОД 30

Кога татко ми и мајка ми стапија во брак, добија како поклон една комода од родителите на татко ми. Комодата, десетици години беше запоставена во шталата во дворот, но мојата баба не сакаше да ја фрли во отпад бидејки сметаше дека може да ни послужи во иднина. Комодата беше прекриена со прашина која се акумулирала со години, отпад од кокошки и безброј пердуви. Таа се обиде да ја очисти, но набрзо сфати дека тоа е невозможно, затоа, се одлучи да ја полие комодата со една грда маслинесто зелена боја.

Оваа гнила маслинесто зелена комода беше поставена во ходникот на горниот кат од куќата, во текот на целото мое детство.

Еден ден, мојата мајка се реши да ја исчисти зелената боја од комодата и ја однесе кај еден фамилијарен пријател кој основаше бизнис за обновување на мебел во неговата гаража.

Ја остави комодата, и веднаш уште следниот ден, се јави Г-дин Це да ја извести дека тука нема повеќе работа и може да си ја подигне комодата. Таа не можеше да поверува дека успеал да ја исчисти и обнови таа оштетена комода за толку брзо време и го праша како успеал да го направи тоа за само 24 часа.

Г-дин Це објасни дека додека ги истражувал својствата на оваа комода, сфатил дека била креирана во текот на револуционерната борба и дека претставува бесценето наследство. Г-дин Це кажа дека го потсетува на мебелот кој бил направен за претседателот Џорџ Вашингтон! Поради ова, тој и кажа на мајка ми дека мора да ја одбие работата на ова парче мебел кое вреди илијадници долари.

Но мајка ми инсистираше Г-дин Це да биде тој што ќе го обработи и обнови ова историско парче. На Г-дин Це му беа потребни месеци макотрпна работа за да ја донесе комодата во својата оригинална состојба. Кога ја исчисти прашината, започна да го шмиргла - да го лакира - за на крај да му го врати убавиот изглед на ова парче мебел.

Ти си како таа комода - направен си за да бидеш ценет и зачуван, но наместо тоа си одбрал да живееш во изметот на кокошките кој те камуфлира со сите тие пердуви и прашина насобрана со децении и тогаш, некој добро-намерен, само-иницијативен учител те обоил со боја на повраќаница. Бог посакува нежно и со љубов да го очисти сето ова и да ја обнови твојата природна убавина како Негово создание. Дали ќе Му дозволиш да го направи тоа? Ти си создаден со Негов лик за да бидеш дел од Неговата стратегија во овој период во историјата.

Свето Писмо

Ден 12Ден 14

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com