Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Без оглед на тоа со каква емоционална битка се соочуваш и се бориш денес, победата ти е загарантирана кога ќе се напоиш од мудроста на Божјиот Збор и моќта на Светиот Дух. Не само што не си повеќе жртва на злобното емотивно беснило и заглавен во тиња, туку си повеќе од победоносен освојувач поради големата љубов која Христос ја има за тебе.
Бог навистина има план за твојот живот на дневно ниво и Неговиот план е полн со радост, мир и победи. Бог очајно има потреба од тоа да бидеш способен да ги надминеш твоите емоционални проблеми поради тоа што си значаен дел од Неговиот голем план во градењето на овој историски спој. Доколку продолжиш да се валкаш во бесмислици, лутина и депресија, светот ќе го пропушти уникатниот дар кој ти е даден при твоето создавање. Никогаш не смееш да помислиш дека ти си само бројка за Бог и дека можеш несоодветно да се мафташ и демонстрираш страв и разочараност. Ти не си само една единица мерка од хуманоста, туку претставуваш вреден ресурс кој е способен да донесе значителна промена во овој момент од историјата.
Дали ќе целиш на тоа да бидеш најдобар што можеш или ќе бидеш обвиткан во сенката на хуманоста која емоционално се разликува од Божјиот план за твојот живот? Бог има потреба од тебе! Тој има потреба да бидеш жив пример за радост и мир во моменти кога светот се распаѓа. Тој има потреба да бидеш прекрасно дело на праведност и трпение во побеснета култура. Бог има потреба од мажи и жени од сите генерации кои ќе кажат, “Поентата на мојот живот не сум јас и моите чувства, туку да му служам на Бог и да го откривам Неговиот карактер во мојот свет!“
Дали ќе бидеш запомнет по песната на твоето срце или крикот на твојот живот? Секој еден од нас ќе остави наследство на земјата кое е одредено од нашиот секојдневен избор на емоции. Емоционалното и духовно наследство кое одбираш да им го подариш на следните генерации е многу поважно од финансиите, куќите или земјата која ќе им ја оставиш. Како што обрнуваш внимание на емоционалното влијание кој ти го направила културата која те опкружува, она што си го наследил од фамилијата и околностите, немој да заборавиш дека Бог го дава најдоброто на оние кои ќе го одберат Него!

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com