Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Скршеното срце е од епски размери поголема работа од обичното разочарување и плачење во животот, со сила која носи промени засекогаш. Скршеното срце ќе те натера да се виткаш од болка и да бидеш исполнет со тага. Скршеното срце ќе направи да се чувствуваш како да се бориш за воздух.
Бог знаеше дека сѐ додека живееме во овој предел од рајот ќе постојат луѓе, настани и проблеми кои понекогаш ќе ги кршат срцата на Неговите возљубени деца, поради што Тој воспоставил план за во најтешките моменти од животот.
Зборот “скршен“ на еврејски се преведува како “шабар“ и значи “да распрснеш со сила, срушиш или демолираш, онеспособиш, осакатиш или распарчиш.“ Античкиот еврејски јазик е многу детален во описот и овој збор шабар не само што има дефиниција во неговиот опис туку и има и правила за ситуации во кои може да се користи. Овој збор бил употребуван за да се опишат потонувања на бродови кои се удриле и прекршиле во некоја карпа или раб поради нексротливи ветришта, исто така се користи да се опише ситуација на раскинување или распарчување какво што би извршиле дивите, лути ѕверови врз својот плен. Би можело во буквална смисла да се преведе како “оние со пукнато срце.“
Зборот “срце“ во овој специфичен дел од Писмото е зборот “леб“ кој укажува на душата или срцето на човекот. Го претставува моралот, карактерот, апетитите, емоциите, пасијата, дури и умот и меморијата.
Кога псалмистот пишува за тоа дека “Господ е близу до оние со скршено срце, неговите зборови се зборови искажани од љубов, со грижа и голема милост. Тој ја потсетува целата Христијанска заедница за следните епохи кои доаѓаат дека Господ е внимателен со оние кои издржуваат незамислива болка. Оваа болка можеби е предизвикана од некоја бура во животот или од некој дива и опасна личност, но Господ е внимателен и е покрај тебе, и обрнува внимание на твоето скршено и повредено срце.
Доколку некогаш си пострадал и си бил во ваква измачувачка состојба, можам да те осигурам дека никогаш не си надвор од дофат на Божјата грижа. Доколку денес си емоционално раскинат и се чудиш како ќе го поминеш денов, сакам да те успокојам со фактот дека си безбеден поради тоа што Тој, во овој момент, е со тебе.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com