Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Бог не престанува да биде Бог поради тоа што си паднат долу во долината и не се наоѓаш во Негово присуство, ниту пак престанал да биде добар и милостив Бог поради тоа што си разочаран или имаш скршено срце.
Сите ние би сакале да ги поминеме нашите животи на врвот од планината. Сите ние би сакале енергично да го дишеме тој свеж планински воздух и да уживаме во прекрасниот поглед, разбирливо е, од врвот можеш да видиш работи кои не можеш да ги видиш додека си долу, имаш многу подобра перспектива од врвот, буквално си на врвот на светот. Тоа е место соодветно за кралиците - кралиците на планините!
Никој од нас не сака да купува недвижен имот во долината на очајот и разочарувањето. Има екстремно ограничен поглед во тие ниски места, погледот ти е попречен од дрворедот пред тебе и не можеш да видиш што има позади него.
Сепак, во долината се случува вегетација каде што растенијата растат и цвекињата цветаат. На врвот од планината го нема тоа, таму ќе најдеш само камења и карпи. Врвот на планината не е место каде што се пуштаат корења - тоа се случува долу во долината. Во долината се случува да го доживееш твојот најголем раст во животот, таму е местото каде што плодовите на Духот ќе пораснат и ќе се вивнат во изобилие. Ако може да кажам вака: во долината, местото каде што твоето срце беше скршено ќе биде местото за твојата најголема жетва.
Бог сака нашите чаши да се прелеваат не само кога животот е добар и погледот ни е спектакуларен; Тој посакува нашите чаши да се прелеваат во долината на болката и во пустината на скршеноста. Бог пред тебе ја поставил масата со благослови која ќе го исцели твоето скршено срце и ќе ја нахрани твојата гладна душа.
Бог посакува да бидеме луѓе кои знаат дека разочарувањата немаат моќ да ги разочараат. Бог посакува да бидеш личност која се пика во Негово присуство во времиња на очај и разочараност. Бог сака да бидеш христијанин кој никогаш не обвинува и секогаш благословува. Бог посакува да бидеш верник кој дава плодови и во најтешките моменти во животот.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com