Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

29 ДЕН ОД 30

Ние навистина имаме непријател кој е во постојана војна со нас поради тоа што, тој не сака ние да го живееме животот кој Бог го одредил за нас.

Ѓаволот е немилосрден во неговите напори да те ограби тебе и твојот изобилен живот. Голем дел од оружјето во непријателскиот арсенал се емоционалните реакции, поради тоа што тој не може да допре до нашиот дух, неговиот искривен план е да воспостави комуникација со нашата душа. Непријателот ќе се обиде да го измами секој од нас да мисли дека заслужува да живее живот без опростување или дека нема некој кој ја разбира нашата болка и страдање. Кога се согласуваме со него и со неговите измами, нашите емотивни реакции ќе бидат имитација на изборот на ѓаволот, наместо Божјото изобилие.

Еден од најочигледните начини кои сатаната ги употребува за да ги оневозможи Христијаните да живеат живот во изобилие е преку убедувањето дека тие имаат право само на негативни емоции. Ѓаволот е возбуден кога ќе се согласиш со него дека навистина треба да чувствуваш грижа, да не опростуваш и да носиш лутина во себе за потоа да може весело да ги трие неговите гадни мали раце кога успеал да те измами да бидеш соодветен на човечката грдосија. Бог не сака да се согласуваш со ѓаволот: Тој сака да бидеш како Него. Бог те сака доволно за да те дисциплинира додека не разбереш дека ниту ти, ниту ѓаволот немате подобра идеја од Бог!

Независно дали имаш 8 или 88 години, никој не ужива во дисциплинарниот процес. Сите што посакуваат да бидат употребени за Божјите дела, треба да ги разберат светите услови кои треба да ги исполнат, кои се потребни за да се надминат своите телесни одговори во животот. Твоето тело, кое исто така може да се препознае во човечките емоции, се спротивставува на твојот дух и на Божјиот дух во тебе, освен ако си научил не само како да го дисциплинираш твоето тело туку и да го ставиш на крстот.

Доколку твојата желба е да бидеш пример за Духовен плод и Божјиот карактер, цената која треба да ја платиш е да го ставиш своето тело на крстот и да ги дисциплинираш своите емоции. Доколку си способен да соработуваш со Бог за овој тежок предизвик, ти ќе се направиш самиот себе достапен за изведба на Божјиот значителен план во ова време од историјата.
Ден 28Ден 30

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com