Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

25 ДЕН ОД 30

Доколку постои некое место каде што Бог се чувствува како дома, тоа сигурно е местото каде што ти го прославуваш. Бог си седнува, ги става Неговите прекрасни нозе на маса и е опуштен секогаш кога некој верник ќе се одлучи да го слави. Во спротивно, на Бог му е неудобно кога си бесен и се одлучиуваш да викаш, збеснуваш и да го обвинуваш рајот. Нашите срца се местата каде што Бог ужива да биде и затоа ние мораме да бидеме претпазливи за тоа каква атмосфера создаваме и одржуваме на местото каде што живее Господ. Низ големото животно искуство сум научил дека Господ е повеќе заинтересиран за тоа што се случува во моето срце, наместо за тоа да ги промени моите околности. Поради тоа што желбата на моето срце е, во секојдневието да наликувам сѐ повеќе на Него, јас морам да посветувам повеќе внимание на молитвата и свеста за тоа што се развива во моето срце наместо на тоа какви се моите околности. Ние го молиме Бог да ги промени нашите околности кога е Негова волја да доживееме промена.

Како верник, имаш избор помеѓу тоа да ги зголемиш твојата болка и разочарување или да се фокусираш на Бог независно од болката која ја доживуваш моментално. Некои од нас зборуваат повеќе за тагата и стресот кој го доживуваат наместо за Господ Бог на кого му служиме. Јас секогаш можам да приметам, свесно или несвесно, што една жена зборува, според тоа на што обрнува внимание и се фокусира.

Додека се молам за големите Божји мажи и жени од Библијата кои избрале да му служат на Бог и беа употребени за значајни нешта низ историјата, немаше ниту еден од нив кој не се соочил со разочарување. Естира била сираче порасната со нејзиниот вујко, но сепак Бог ја употреби неа за да ја спаси целата Израелска нација. Јосиф беше исмејуван од неговите браќа и беше продаван како роб, но сепак, се опорави и стана втор човек во команда на Египет кој направи стратегија за да ги спаси неговите сонародници од глад. Даниел беше одземен од неговиот дом од детството и беше фрлен во бездната со гладни и лути лавови, но сепак, Бог го употреби како сила која донесе правдина во Вавилон. Бог сеуште не завршил со тебе и Тој работи со Неговите деца сѐ додека не победи! Твоето разочарување нема моќ да те преназначи туку може да те постави во стратешки подобра позиција за да бидеш употребен на подобар начин од Бог.
Ден 24Ден 26

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com