Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Има толку многу нешта во животот кои предизвикуваат разочарувања, што доколку се посветиш секојдневно да мислиш на тоа, би можело голем дел од денот да потрошиме обидувајки се да се справиме со разочарувања кои некој или нешто ги предизвикало патем. Разочарувањето може многу лесно да го обои нашиот живот поради тоа што луѓето и настаните не ги исполнуваат нашите високи очекувања.
Апостол Павле, писателот на Библиската книга Римјаните, ни покажува начин за како да се справиме со разочарувањата наместо да бидеме разочарани! Тоа што Павле трпеливо нѐ поучува во овој тактички важен дел од Писмото е дека разочарувањата немаат моќ да те разочараат! Бог те назначил за добри нешта, поради што разочарувањата немаат моќ да го променат она што Бог го наумил за твојот живот. Кога сме емоционално потресени и изнервирани поради дневните разочарувања во животот, ние всушност даваме преголем авторитет на истите во нашите животи. Еден клучен момент во справувањето со разочарувањата е да гледаме на нив од соодветна перспектива.
Да се биде “разочаран“ значи дека твојата судбина е засекогаш променета, што поради тој еден момент кога судбината и значењето на твојот живот засекогаш се променил поради тоа разочарување. “Разочарување“ укажува на тоа дека едно време си бил назначен за нешто за на крај некоја лоша околност да го промени твојот пат. Нашите секојдневни настани или случувања немаат авторитет да ти ја променат судбината која Бог ја одредил за тебе!
Павле дава инструкции на телото Христово за сите следни генерации, одговорот на нашето разочарување да биде воодушевување со цело срце. Верзијата на Библијата “Кинг Џејмс“ за превод на овој стих употребува неверојатни зборови, “ - ние славиме во неволја, исто така ...“
Ние погрешно сме ги разбрале работите! Ние грешно сме разбрале дека неволјата или разочарувањето се трагични пречки кои го променуваат животот, додека во Библијата која претставува нашиот компас до целата вистина вели дека разочарувањата се нашиот најдобар момент. Можноста за нас Христијаните да покажеме дека ние навистина се разликуваме и дека го користиме овој момент за да ја откриеме славата која ја носиме во нас. Ние не плачеме на разочарувања, туку наоѓаме радост во нив. Ние не се жалиме поради разочарувањата, туку бараме да ни се открие Божјиот удел во нив што треба да го видиме.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com