Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Давид беше обичен човек со необично срце. Тој се бореше со емотивни испади исто како што ги имаме јас и ти понекогаш. Тој беше на работ на депресија премногу пати, толку многу, што не можеме да ги изброиме и поради тоа, тој знаеше што е потребно за да ги победи тие бесмислици. Давид одбра да управува со својата душа која е местото каде што се раѓаат мислите, емоциите и личноста која го благословува Господ. Оваа фраза е направена со императив што значи дека, ова не претставува опција за избор туку наредба. Давид всушност кажува дека, “Душо, независно од тоа колку лошо се чувствуваш, ти треба да го благословиш Господ! Личност моја, надмини се себеси и прослави го Господ! Сега! Емоции мои, престанете да се плачете, да се жалите и почнете да го славите Господ!“
Славењето ќе ја трансформира атмосферата во твојот живот на начин на кој ништо друго не може да го стори истото. Само една личност е она што те одвојува од радоста. Можеби ќе се обидеш да го обвиниш ѓаволот за ова, но тој не поседува моќ да го опседне твоето срце додека ти славиш. Всушност, ѓаволот сфатил дека нема потреба да се обидува да ја анулира твојата способност да славиш бидејки таа другата личност врши многу добра, темелна работа што ѓаволот нема потреба да интервенира со неговите подли начини. Тогаш, која е таа личност која те спречува и која те двои од симфониската експлозија од славењето? Ти си таа личност! Ти си го правиш тоа на себе! Ти одбираш да не се радуваш кога си обземен од досада и бесмислици.
Има само една причина зошто некои Христијани кои го љубат Исус, не можат да се радуваат. Тоа е само една причина која се манифестира на бесконечен број начини. Себичност. Живеење со себе во центарот на гравитација. Само-свест. Да се биде број 1! Самоиздржување. Мојот начин или ничиј друг. Животот е само за мене. Не ми се прави ова. Не морам ако не сакам.
Изборот е твој. Денес, можеш да одбереш да се фокусираш на себе или да се фокусираш на Бог. Направи го изборот денес.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com