Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Секоја вечер на полноќ, можеби не се случува да се претвориш во тиква ама си добитник на нов и блескав подарок. Сите ние без оглед на тежината, годините, образованието, работата или брачниот статус, добиваме иста количина од овој поклон. Кога денот се буди, ти си единствениот сопственик на нова моќна количина од 1440 минути достапни за правење на историјата на човештвото. Во точно една секунда пред полноќ, секој ден во твојот живот, рајот ги отвара прозорите и ти дава 1440 недопрени, вредни минути за користење. На кој начин ќе ги искористиш твоите минути тотално зависи од тебе! Времето е бесплатно, но е бесценето!
Можеш да озборуваш или да прославуваш - можеш да бидеш исполнет со гнев или со благодарност - можеш да џогираш 5 километри или да гледаш телевизија цел ден - можеш да читаш книга или да одиш во трговски центар. Ти и само ти можеш да имаш добивка од овој неверојатен и бесценет поклон. Можеш да направиш избор помеѓу тоа да се смееш или да плачеш - да се жалиш или да се радуваш - да бидеш негативен или позитивен - да бидеш огорчен или да се подобриш. Овие 1440 делчиња од времето ти припаѓаат на тебе и на никој друг! Тие не припаѓаат на твојот сопруг или на твојот шеф, ниту пак на твоите деца.
Вистина е дека има нешта кои треба да ги направиме. Некои од нас мора да одат на работа, но ние избираме како ќе работиме. Можеме да одиме во канцеларија со компјутерот на рамо, исполнети со гнев и негативност или можеме да влеземе во канцеларијата со среќно срце, цврста работна етика и да се молиме за оние кои се наоѓаат во таа канцеларија. Можеш да ја мразиш секоја минута додека си на работа и да си го трошиш времето на озборување со девојчињата од канцеларијата, да играш компјутерски игри и да се прикрадеш низ излезната врата пет минути порано или можеш да се сетиш дека Бог те поставил во оваа канцеларија да послужиш како благослов и да донесеш од брилијантноста и Божјиот карактер на твоето работно место.
Вистина е дека треба да се грижиш за твоите родители кои стареат, да израснеш деца и да го фрлиш ѓубрето. Мораш да избереш како ќе ги завршиш своите обврски. Можеш да маршираш низ животот со тешки чекори и исфрустрирано срце или можеш да ги изведуваш сите потреби во животот со трпение, љубов и радост.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com