Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Што всушност е досадата? Болката во душата не може да се дефинира како “депресија“ бидејки ти си сеуште способен да функционираш, иако си на мета на досадата, сепак избираш летаргично да продолжиш напред, чекор по чекор. Сеуште си способен да комуницираш со луѓе иако твоите одговори не се баш блескави и енергични. Сеуште не си се повлекол во пештерата, иако те примамува да се стуткаш под меко ќебе и да си дремнеш подолго во тишината. И така истото во текот на цел ден, секој ден.
Способен си да станеш секој ден, но го користиш само половина од твојот потенцијал. Не си депресивен, но во исто време не чувствуваш радост, ниту возбуда за нешто. Ден по ден си поминува во состојба на вакум и сиво ништо. Од време на време ќе те насмее нешто ама тоа никогаш не допира до срцето. Твоето ќе станам и одам ... си стана и си замина, некаде, само не си сигурен кога станало и каде си заминало!
Ова е твојот дневен план и гарантирана стратегија за да ја победиш досадата. Секој ден ти е даден со милост како дар од Господ и претставува нова можност да управуваш со него, со благодарност. Бог ти го дал овој ден и го дизајнирал со тебе во центарот на Неговото внимание. Тој има план за секој твој ден од животот, план кој секогаш вклучува доза на слобода за славење. Доколку имаш потреба од потврда дека ја исполнуваш во Божјата волја во секојдневието од твојот живот, од витално значење е да го започнеш денот со молитва која ја исполнуваш со славење и ја завршуваш со благодарност. Од првиот момент на освестувањето до последната будна мисла навечер, избери да го зголемиш Божјото присуство и никогаш да не го обвинуваш Него за нешто. Ние не сме луѓе кои го обвинуваат Господ, туку од оние кои го благословуваат!

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com