Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

18 ДЕН ОД 30

Во моменти на заедништво Тој е со нас. Доколку сакаш да поминеш време со Бог, обиди се да поминеш една вечер со луѓе кои го сакаат Него. Доколку се чувствуваш осамено, покани некои луѓе на молитва и погоди кој ќе дојде заедно со нив кај тебе дома?

Бог живее таму каде што славењето е комплетно и силно. Доколку сакаш Тој да ти се објави и даде до знаење дека е вистински присутен, тогаш треба да го поминеш целиот твој живот во славење. Бог се објавува во моментите кога Неговите луѓе им пркосат на настаните и околностите со чиста прослава од сѐ срце. Доколку се соочуваш со осаменост, вклучи ја музиката за славење и подигни ги твоите раце горе, поради тоа што знаеш дека Тој е присутен! Ти не си сам. Пеј гласно и силно! Тој е тука! Ти не си сам. Пеј додека возиш во колата или додека се тушираш, и Тој ќе биде со тебе. Кога и да се случи свесно да избереш да го славиш, се поставуваш себеси во Негово присуство. Ти никогаш не си сам.

Доколку бев доктор или да претпоставам дека сум ... духовен доктор, ќе ти препишам на рецепт лекови против осаменост. Подари некому нешто три пати на ден. Твојата осаменост ќе биде излекувана кога се грижиш за потребите на некој друг наместо за својот осамен живот. Насмевни се на некој на касата во продавница. Напиши порака на некој стар пријател од средно школо и поврзи се со него. Немој да бидеш пасивен и да останеш цел ден дома, да гледаш телевизија, поради тоа што нема да можеш да разбереш дека можноста да споделиш е лекот против осаменост.
Ден 17Ден 19

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com