Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Осаменоста е чувство дека никој не се грижи за тебе или за твојот живот. Осаменоста може да биде најдеструктивното чувство од сите. Доколку сатаната не е способен да те фати на грижи или страв, тој ќе се обиде да те отуѓи од здравите врски поради тоа што тој ја знае моќта кога двајца се заедно!
Иако можеби се чувствуваш осамено, мора да се потсетиш на ветувањето од Библијата, дека никогаш не си вистински сам. Ова е еден од оние стратешки моменти во кои треба да се потсетиш сам себе дека не се веродостојни сите чувства кои ги имаш. Кога твоето срце ти вели дека си целосно сам и дека никој во твојот живот не се грижи за тебе, токму во тие моменти, твоето срце е во друштво на сатаната и ги слуша неговите гадни лаги.
Кога се работи за осаменост, мораш да ја отвориш твојата Библија и да се согласиш со Зборот Божји наместо со своите жални чувства. Последните зборови што Исус им ги кажа на Неговите ученици, им служеа како потсетник за тоа дека иако тие не можат повеќе да го видат со сопствените очи, Тој засекогаш ќе биде помеѓу нив: "Јас сум со вас во сите дни, до свршетокот на светот" (Матеј 28:20).
Поентата на овој стих кажан од Исус е дека ти нема да бидеш осамен. Никогаш. Лагите кои сатаната ги плука, ги напаѓаат само нашите чувства, но не и нашата духовна реалност. Библиската реалност е дека ти си опкружен со Божјата љубов и грижа секој ден од твојот живот. Не постои нешто што ќе те одвои од Божјата љубов; Ти си обезбеден и опкружен од Неговата грижлива љубов поради тоа што Тој така нѝ вети. Осаменоста е лага - злонамерна лага, полна со омраза која ќе предизвика да се двоумиш за вистината на Божјиот непокорлив Збор.
Вистината е дека Исус е твојот најдобар пријател, па започни да го живееш ова уште денес. Сподели ја твојата љубов со Исус и после тоа слушај внимателно за да ја чуеш Неговата реакција и што има Тој да ти каже. Помини ја цела вечер во Негово присуство со пуштена музика за славење во позадина и отворен Божји Збор. Напиши Му долго интимно писмо и пеј од сѐ срце додека си во Негово присуство. Кога ќе започнеш да се однесуваш со Исус како што се однесуваш со твоите пријатели, твојата осаменост ќе избледи, со гаранција!

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com