Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

19 ДЕН ОД 30

Понекогаш луѓето кои најмногу ги сакаме, успеваат да го извадат најлошото од нас. Оние луѓе со кои што сме во секојдневен контакт, ја цедат од нас последна капка Христијанската доблест додека не ја откријат грдата страна од нашата личност.

Сите ние имаме некои тешки луѓе во нашите животи кои се најверојатно стратешки поставени таму каде што се од Бог. Замисли! Бог те љуби толку многу и ти верува дека ќе бидеш милостив према таквиот тип на тешки луѓе. Бог сака да растеш плодови од Духот, поради тоа ѝ дозволува на некоја будалеста жена да го опседне твојот сладок круг во животот. На Бог му се потребни мажи и жени кои ќе ги сакаат оние кои е невозможно да ги сакаш, да бидат милостиви према оние кои се немилостиви, да бидеме трпеливи во моменти на грда нетрпеливост и да ги благословуваме оние кои се категорично сурови.

Бог всушност те создал за да ги љубиш луѓето кои се ѕверски безобразни. Тој те поставил на тоа место во ова време затоа што верува дека ти ќе созрееш преку ова соочување па ќе дозволиш на Неговата слава да зрачи преку тебе во темнината на човечките души. Ти никогаш нема да го постигнеш ова доколку се потпираш само на твојата личност или емотивното наследство втиснато на тебе од твоите родители. Ти ќе го постигнеш ова само кога ќе одлучиш во твоето срце дека сакаш да бидеш како Исус, дека претпочиташ да бидеш повеќе како Исус наместо себе, кога ќе одлучиш дека Неговиот начин е навистина подобар од твојот начин на дејствување и дека ти немаш подобра идеја од Бог.

Кога демонстрираш љубов во бурни ситуации и избереш да бидеш милостив наместо да шириш емоционална и заслужена казна, ти всушност велиш “ќе делувам како својот Татко! Јас сум дел од Неговата фамилија и ова е начинот на кој што ние функционираме! Ние ги сакаме оние кои не заслужуваат. Наша фамилијарна задача е да посегнеме со светата милост до лошите луѓе.“ Немој никогаш да заборавиш дека ти си корисник на фамилијарниот генетски код кој овозможува да покажуваш љубов према тешки луѓе. Тоа е она што го прават Христијаните!
Ден 18Ден 20

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com