Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Бог има противотров за изнемоштеност; Тој ти препиша лек, “да се придржуваш“ за да ја одмориш твојата изморена и истоштена душа. Спротивно на духовната изнемоштеност е едноставно придржување до Христос.
Ние треба да одржиме константно, нерасипано заедништво со Исус Христос. Ова не е едно неделна посета туку е покана да го изградиме нашиот живот околу Неговото присуство. Чергичето пред врата на кое пишува добредојде е потсетник дека Неговото присуство е добредојдено во твојот дом. Да се живее во Негово присуство не значи дека сме пронашле место за одмор од бурите или одмор во некоја убава викендица, туку сме пронашле место во кое можеме да го градиме својот живот и никогаш да не заминеме! Кога твоето постојано живеалиште е во присуството на Христос и му дозволиш да ти го шепоти планот за секој ден, секој час и во секој миг од денот, тогаш ќе видиш како Неговиот плод убаво ќе се забележи и ќе стане видлив во твојот свет.
Зборот "придржува" на грчки јазик се преведува како "да издржи или истрпи." Кога се придржуваш до Христос секојдневно додека постојано се храниш со маната од Неговиот Збор и се ладиш во освежителниот проток на славењето, со сигурност ќе го надживееш ѓаволот и неговите стратегии кои ги гради против тебе. Нема да бидеш изморена жена исполнета со стрес туку ќе бидеш пример за здравје и убавина додека се придржуваш до Христос.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com