Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Библискиот речник го дефинира уморот како, “издишаност; да бидеш онесвестен; да бидеш истрошен; изморен, болен, заморен или нетрпелив.“
Можеби Библискиот речник туку што те опиша тебе! Во секој случај, непријателот сака ти да бидеш токму “таков“ човек. Сатаната е заговарач, измамник, таинствен и сака да те истроши на секаков возможен начин. Патот до заморот е краток и ќе го изодиш многу побрзо отколку што можеш да замислиш.
Ѓаволот кој ни е голем непријател, сака да бидеш истрошен и раскинат во текот на целиот твој живот. Како што го исполнуваш твоето време со работи, нешта кои те прават зафатен, тој ти се смее хистерично поради тоа што знае дека те победил во оваа битка.
Сатаната сака да ги истроши светиите на Највеличенствениот Бог со презафатеност и тиранија која доаѓа со итноста во задачите. Сатаната знае дека ќе ја загубиш секоја битка со која ќе се соочиш, доколку успее да те измори, но што ќе загубиш ти? Секако нема да го загубиш вечното спасение, но ќе го загубиш твоето трпение и смирен темперамент, а исто така ќе ја загубиш и твојата перспектива за животот и твојот мир и уште полошо, можеби ќе ја загубиш твојата креативност и дисциплина.
Планот на ѓаволот е да те одржува зафатен и да ти го одвлекува вниманието од приоритетните задачи во животот за да живееш изнемоштен и истрошен живот наместо убав, исполнет живот. Ѓаволот не те искушува со одвратно зло туку со нешта кои ти изгледаат убаво. Сатаната ќе искористи нешто што моментално изгледа добро за да те одвлече на страна од најдоброто што Бог го има намислено за тебе. Што е тоа навидум убаво нешто што денес ти го одвлекува вниманието од Божјите убавини? Убавите нешта можат да те изморат, но најдобрата Божја волја секогаш ќе те зајакнува и ќе ти донесе мир во твојот живот.
Многу често кога се чувствувам преоптоварено му го објавувам ова на ѓаволот и неговите бесмислици, “Нема да ме собориш - јас ќе победам со славење и со Божјиот Збор!“ Откако ќе му го објавиш ова, започни со идентификување и преиспитување на своите погрешни избори за да можеш да го прекратиш циклусот на измореност во твојот живот. Денеска пробај да целиш на вечните дисциплини кои се од поголема важност од итните моментални потреби. Верувај ми, ќе треба да направиш само неколку стратешки избори за да го замениш твојот умор со перфектниот мир Божји.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com