Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Бог те створил за да цветаш и неуморно да напредуваш. Тој те создал по специјален духовен дизајн способен за емоционално и духовно изобилство во текот на било каков период од твојот живот. Неговиот план никогаш не бил да те гледа емотивно свиткан и згрчен од депресија, бес и грижи. Бог знаеше дека во животот ќе се соочиме со страшни бури и со загаденоста од кулурата која не опкружува, но Неговата креативна генијалност ни овозможи начин да бидеме поврзани со лозата во текот на сите непостојани животни промени. Божјата волја за тебе е да цветаш во секоја сфера од твојот живот, вклучително и твоите емоции!
Зборот “цвета“ е еврејски збор кој има богато значење и широка употреба. Тој секогаш укажува на нешто или некој кој ги надраснува границите и можностите. “Цвета“ е збор кој опишува растение кое има судбина да расте и да се развива во изобилие без оглед на климата или сушата во која живее.
Псалмистот кажува дека, “праведниот човек ќе цвета како палмово дрво“. Доколку Библијата го употребува зборот “праведен“ за да опише некоја личност, тоа значи дека таа личност самоволно одбрала да се поврзе со Бог. Во тие моменти ќе цветаш, директно пропорционално со твојата врска со Бог! Доколку одбираш да уживаш во Неговото присуство секојдневно и да поминуваш време читајки го Зборот и во молитва, твојот живот ќе биде големо отсликување на растот кој потекнува од твојата поврзаност со Неговата праведност.
Многу од Христијаните се повеќе поврзани со болката од нивното минато отколку што се поврзани со Божјата реалност и присуство во секојдневието. Голема разлика прави тоа дали секојдневно ја читаш Библијата или не. Прави голема разлика, емотивно, дали го прославуваш Бог иако во моментотможеби се соочуваш со разочарувања. Прави голема разлика, емотивно, дали се молиш за оние кои се однесувале лошо со тебе. Навистина, има разлика.
Кога ти го носиш правилниот избор, Бог го поттикнува твојот раст! Ти ќе започнеш да растеш и да се развиваш над твоите духовни и емоционални граници и можности, поради причината што твојот извор на животот е Бог, а плодовите на Духот чудесно ќе те преобразат во некој кој го поседува Божјиот темперамент и карактер.
Мораш да работиш со Бог во тандем сѐ додека твоите емоционални реакции на случувањата околу тебе се резултат на твојата длабока и богата врска со Него.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com