Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав. Добротворната душа ќе биде наситена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен. Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава – врз главата негова стои благослов. Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа. Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат. Кој ја запустува куќата своја, ќе наследи ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот. Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човечки души. Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешниот.
Прочитај Изреки 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 11:24-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа