Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Еден од најважните елементи кои се потребни за изградба на силен дух е да се биде посветен на црквата и на заедништво со други верници. Немој да развиваш лоши навики да кои ќе ти помогнат да создадеш навика за не одење во црква! Божјиот Дух е навистина присутен помеѓу Неговото тело од верници, кога се собираме заедно, Тој ќе го зајакне твојот дух преку откривање на радоста која ја доживуваме во моментите на заедничко славење. Бог го љуби Неговото тело од верници и срцето на нашиот Татко се восхитува кога сите сме собрани во Неговиот дом за да го славиме, изучуваме Божјиот Збор и да бидеме во заедништво. Не само што лично Му се допаѓа тоа - туку Му се допаѓа и кога ние вистински го сакаме истото!
Концептот на црковен живот и собирањето заедно во Негово име е Негова идеја од моментот кога Исус се врати назад во рајот. Светиот Дух знаеше дека ние самите не би можеле да преживееме како соло Христијани и дека имаме потреба од ресурсите потребни за да можеме да бидеме во заедништво во вера.
Никогаш немој да ги потценуваш чудата кои се случуваат внатре во тебе кога се собираш во заедништво со други верници, во Негово име. Кога се проповеда Зборот Божји ... ти растеш. Кога започнуваш со заедничко славење ... плодовите на Духот созреваат во твојот живот. Кога даваш десетокот во доброволен прилог ... расте твојот капацитет да имаш долготрајно влијание во општеството. Кога носиш одлука да се вложиш проактивно во здрави пријателства со други мажи и жени кои исто така избрале да му служат на Бог со сето свое срце ... горчината и лутината се пакуваат и бегаат од страв.
Не постојат перфектни цркви поради тоа што не постојат перфектни луѓе. Доколку твоите чувства се повредени во црква, треба да одлучиш да им простиш и да го благословиш оној кој што те навредил. Бог ќе допре до тебе во црква подобро од било кое друго место, затоа, одењето во црква не е правосудно туку е здрав избор кој ќе ти биде од корист за твојата сегашност и иднина! Ти гарантирам!

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com