Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

10 ДЕН ОД 30

Најмоќниот начин кој ќе те направи сигурен во тоа дека твојот дух ќе прерасне во најиздржливиот дел од твојот внатрешен човек, е да се молиш без престан. Не кажав да се жалиш без престан - туку да се молиш без престан.

Толку многу Христијани ги поминуваат своите животи жалејки се пред Господ и после се чудат зошто никогаш не добиле одговор на нивните молитви! Кога се молиш, моли се со радост! Кога се молиш, оди со храброст и настапи моќно во Негово присуство! Кога се молиш, остави ја твојата емотивна душа пред вратата и понеси го со себе твојот дух пред тронот во собата и уживај во Неговото прекрасно присуство!

Бог те љуби и кога се жалиш ... но кога твојот дух се здружува со Неговиот Дух во големата симфонија на славење, е моментот кога рајот и земјата започнуваат да се движат за твое добро. Ние како Христијани, не сме група на луѓе кои своето славење го ограничуваат само за моменти на радост, сончеви денови, чистото небо и убаво опкружување, туку сме одлучни да се молиме со радост и во моменти кога ни изгледа дека нашите животи се распаѓаат. Во нашите гени е да дојдеме во Негово присуство со благодарност, без оглед на тоа што нѐ чека од другата страна на вратата кога ќе си заминеме.

Трите еврејски момчиња славеа во лутата печка! Павле и Сила пееа на полноќ во затворот! Стефан славеше додека го каменуваа! Хана го прославуваше Бог иако не беше трудна! Придружи се на групата верници од сите генерации низ историјата кои одбрале да се молат со радост.
Ден 9Ден 11

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com