Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Естира беше сираче која пораснала со нејзиниот неженет вујко Мардохеј. Кога царот Ксеркс одлучи дека сака да најде нова жена, неговите кнезови го организираа најголемиот избор на убавици запишан во историјата на земјата.
Естира беше победничка на тој натпревар и сите во палатата и станаа слуги.
Во моментот кога вујко и Мардохеј одби да се поклони пред шефот на кралските советници Аман, беше одлучено да го убијат Мардохеј и Аман да добие дозвола од царот за да ја погуби целата израелска нација. Кога Мардохеј дозна за овој гаден план, ги раскина неговите убави облеки, облече извалкана облека полна со прашина и отиде во центарот на градот, каде што плачеше гласно и огорчено.
Можеби во некој случај, одговорот на Мардохеј на ужасните околности, за жал, го пресликуваат твојот одговор за животните проблеми со кои се соочуваш. Кога не го добиваш тоа што го бараш, облечи се во облеката за жалење, па плачи и жали се толку многу гласно и со пасија, што целиот град ќе те слушне!
Доколку избереш себично и детинесто да го поминуваш својот живот облечен во валкана уличарска облека, самиот одбиваш интимност со царот на сите цареви! Ах ... ти си сеуште Христијанин и ќе бидеш со Исус во вечноста, но твојата преокупираност со болката која ја чувствуваш ќе те одвои од убавината на негувано заедништво со Него додека си на земјата.
Грешно е верувањето во тоа дека ако плачеме гласно поради нашата болка, го бараме Божјото внимание и присуство. Баш спротивно, вистинската лозинка за Неговото присуство е искажување на благодарност!
Кога разбра кралицата Естира за жалната претстава која вујко ѝ ја приредил пред вратите на кралските порти, таа испрати нова облека за Мардохеј, но тој ја одби и не сакаше да ја облече. Светиот дух исто така ни дава да облечеме нова гардероба, но ние многу често одбиваме да ја прифатиме убавината која доаѓа и наместо тоа одбираме да го поминеме животот како едно болно искуство. Царот на царевите знае дека Неговото присуство е местото за тебе, каде што живеат победниците, место каде што вратата ти е отворена за да влезеш. Штета што си оневозможен да влезеш во внатрешните кругови на Неговата палата додека ја носиш со себе разочараноста од твоите несреќни околности.
Облечи ја убавата облека, наместо да се обвиткуваш во емоционалната болка ... крени ги рацете во воздух, пеј и слави го Неговото присуство!

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com