Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

7 ДЕН ОД 30

Доколку желбата ти е да изградиш силен дух, тогаш мораш да го храниш со здрава храна полна со витамини. Ти мораш да читаш Библија секој ден за да ги зајакнеш мускулите и да ја зголемиш издржливоста на твојот дух. Ние не ја гледаме Библијата само како извор на информации, туку примарно ја читаме поради моќта на трансформација и чудата кои ги наоѓаме во Зборот, за кои сметаме дека се неверојатна храна исполнета со витамини што ни овозможуваат да имаме здрав дух во секој нов ден од нашите животи.

Многу луѓе само даваат изговори за тоа, зошто не се во можност да ја читаат Библијата секојдневно. Најчестиот изговор од сите е, “Не ја разбирам Библијата. За мене претставува само празни зборови, текст, напишан на лист хартија.“ Доколку ова е твојот изговор, дозволи ми да те охрабрам: да продолжиш да читаш! Бог ќе те пресретне таму без оглед на тоа дали твојот ум може да ја разбере вечната вистина која доаѓа преку Зборот. Иако твојот ум не може да “разбере“ ... твојот дух впива од Него!

Изборот да го храниш твојот дух со здрави состојки е причината која ќе го направи силен и издржлив во моментите кога твојата душа е надвор од контрола. Читањето на Библија, секој ден е главна навика која ни е потребна за да воспоставиме духовност со цел да бидеме здрава и енергична личност, емотивно.

Свето Писмо

Ден 6Ден 8

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com