Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

6 ДЕН ОД 30

Ти имаш душа и дух.

Твојот дух е возвишениот дел, додека твојата душа се наоѓа на пониско ниво како дел од твојата внатрешна личност. Духот ги претставува твоите животни принципи кои се доделени од Бог и е делот од тебе кој ги прима и разбира нештата поврзани со вечноста. Доколку немаш дух, ти никогаш не би можел да делуваш и мислиш според вера, наместо тоа ќе веруваш и делуваш само во она што го гледаш. Твојот дух е создаден за да делува според вера, а твојата душа има само капацитет да делува според тоа што го гледа.

Мартин Лутер кажал, “Духот е највисокиот и најблагородниот дел од еден човек кој го овозможува и квалификува да може да постави неразбирливи, вечни и невидливи нешта.“

Твојата душа е седиштето на твојата личност, твоите чувства, желби, наклонетост и одбивност. Многу едноставно, твојата душа е местото на раѓање на целокупниот спектар од човечки емоции. Во деловите во Библијата каде што пишува за твојата душа, се мисли на она што влијае на твоите емотивни одговори во животот.

Во Лука 12, Исус кажа парабола за еден богат земјоделец кој бил многу успешен и продуктивен. Во моментот кога овој успешен фармер снемал место за каде да ја чува неговата жетва, од причина што таа била преголема, се одлучил да го надгради неговиот амбар. Овој човек бил толку многу радосен поради среќата која го пратела, па и кажал на својата душа, “Ду­шо, имаш многу плод насобрано за многу години; почивај, јади, пиј и ве­сели се!“ ‭‭(с. 19).

Бог ги слушна надмените планови на овој човек и беше тажен и разочаран од неговата одлука да го најде изворот на среќата во животот во материјалната продуктивност без да помисли на вечноста. Овој земјоделец чија душа беше исполнета со веселби и полни амбари, имаше дух кој беше празен и мртов.

Многу Христијани ја прават истата грешка како нашиот богат пријател земјоделец од параболата на Исус. Ние постојано се трудиме да ја нахраниме нашата душа и да ја ограничиме преханата на нашиот дух. Доколку го потрошиш животот фокусирајки се на земните задоволства и емоционални желби, тогаш твојата душа ќе расте без контрола. Дозволи ми да ти поставам едно соодветно прашање додека се соочуваме со нашите емоции кои се надвор од наша контрола, кој дел е поздрав и посилен во тебе? Твојата душа или твојот дух? За секој Христијанин, очигледниот одговор исполнет со пасија би требало да биде, “мојот дух!“
Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com