Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок
Емоциите се движат 80000 пати побрзо од твоите мисли, нели е ова неверојатно? Оваа мала информација ни помага да разбереме зошто се чувствуваме сурово или предадено кога нешто лошо ќе се случи, но не ни текнува веднаш што да направиме или кому да се јавиме во истиот момент. И обратно, вистина е дека кога нешто прекрасно ќе се случи, сме толку многу емоционално возбудени што ги занемаруваме нашите когнитивни способности и не можеме да одлучиме како да реагираме. Сите разумни и практични мисли пристигнуваат во центарот на нашиот нервен систем многу подоцна откако емоцијата е изразена.
Неверојатната брзина на нашиот емоционален одговор во животот ни помага да си објасниме зошто, дури и Христијаните, толку многу често имаат тенденција да делуваат врз основа на емоции наместо врз основа на принципи. Нешто - или некој - треба да ги обработи твоите брзи емоции и да ги натера да се потчинат на плодот кој доаѓа само преку Светиот Дух. Доколку продолжиш да им дозволуваш на твоите емоции брзо да те повлекуваат низ животот, секогаш ќе се најдеш во ситуации каде кажуваш нешто што ќе те засрами, ќе делуваш на начин кој е не својствен за тебе и никогаш нема да станеш личноста која Бог наумил да бидеш. Ќе го добиеш ефектот на брзо движечка, лута вулканска ерупција која проголтува сѐ што ќе и се најде на патот.
Нема многу нешта кои се поважни од контролирање на нештата кои се одвиваат во срцето.
Кога се употребува зборот “срце“, посебно во Стариот Завет, се мисли на душата на еден човек или местото каде што се раѓаат сетилата, емоциите и наклонетоста. Твоето срце одлучува како ќе делуваш во било која ситуација и тоа претставува главното седиште на твоите желби и цели во животот. Библијата вели да го “чуваш“ или “да го пазиш“ твоето срце во животот со големо внимание.
Твоето срце има огромна вредност за Бог и треба да се третира како највредното богатство што го имаме.
Проблемот со самото срце е што тоа не сака да биде чувано. Тоа цело време посакува гласно да го изразува сето она што го мисли, тоа има пасија за разнесување, повраќање и разгласување на секое мало чувство кое го искусило, но Библијата никаде не вели да не го изразуваме тоа што го имаме во срцето - едноставно, само нѐ потсетува да го чуваме.

Свето Писмо
Опис за овој план
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
More
Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com