Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

4 ДЕН ОД 30

Вистина е дека ги немам сите одговори на причините за поттик на вашите емоции, но имам да споделам увид во Божјиот Збор со вас. Доколку посакуваш да надвладее Божјата сила и копнееш по способноста да се преобразиш во она што Бог наумил да бидеш, прво треба да ја побараш Неговата сила. Откако ќе ја побараш силата, треба да почекаш да дојде и треба да бидеш постојано во молитва додека чекаш.

Лично мене, молитвата ме менува и кога се молам постанувам подобар човек. Кога се молам, ѝ се допаѓам повеќе на мојата фамилија во моментите додека чекам. Кога се молам, носам помудри одлуки и сум пофина, помила верзија од себе. Причината што не си допадлив самиот на себе во моменти на емоционални испади е можеби тоа што не си ја искусил моќта која доаѓа преку одржување на себеси во состојба на исчекување. Едни од најмоќните Божји мажи и жени кои ги познавам се луѓе кои се молат на колена додека се во исчекување. Да се биде на колена не е чудна или тешка позиција за оние луѓе кои ја менуваат историјата бидејки тие знаат дека луѓето кои се молат ја поседуваат моќта од рајот во нивните секојдневни животи.

Немој да ја потценуваш важноста на времето во денот поминато во молитва, време кое сигурно ќе ти овозможи да ги надминеш своите неконтролирани емоции. Емоциите се полни со желби, незрели се и понекогаш насилни, затоа, најмоќната сила која има способност да ги контролира емоциите на една личност е времето поминато во молитва на колена. Заздравувањето на човечката душа во текот на позицијата на молитва е вечно и чудесно. Јас не би можел да бидам како Исус без да поминам време во Негово присуство, клекнат, во молитва.

Без да се молам, можам само да "глумам" дека сум како Исус. Можам да освојувам големи награди поради мојот убав парфем и да рецитирам љубезни флоскули, додека во срцето имам немир и во умот имам мисли на одмазда. Иако знам како да ги искажам правите зборови во вистинско време, можеш да приметиш како мојата нервоза чури низ моите уши! Исус не посакува јас само да глумам дека сум како Него туку сака да бидам ист како Него, а тука има разлика. Разликата ја прави моето чекање во молитва поради тоа што во тие моменти Тој е Господар над моите емоции и мисли.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com