Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвикПримерок

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

2 ДЕН ОД 30

Нашите животи не се наши, туку Бог ни ги дал во наши раце. Прочитај ја претходнава реченица уште еднаш: нашите животи не се наши, туку Бог ни ги дал во наши раце. Ова е една од оние контрадикции кои нѐ предизвикуваат да се фокусираме решително и да му се чудиме на Бог.

Вистина е дека - ти си Божјо дело. Ти си создаден по ликот на Исус Христос со само една цел: за исполнување на добрите дела кои Бог ги има испланирано специјално за твоето постоење уште од почетокот на постоење на времето. Овој предвиден и испланиран начин на кој што чекориш низ животот за своја предност, е Божји план, но изборот во секојдневието е оставен само на тебе. Можеш да избереш дали ќе делуваш по своја или по Божја волја.

Иако ти му припаѓаш на Бог поради тоа што те создал и за тебе дизајнирал неверојатен живот, Тој сепак ја оставил моќта на одлучување за твоите постапки, во твои раце. Една од практичните сфери каде што можеме да одбереме да делуваме по Божја волја или за себе, е во нашите лични желби и навики. Ти мораш да се откажеш од правото да се жалиш и негодуваш пред да го прифатиш Божјиот план за твојот живот со цело срце, планот кој се наоѓа во плодовите на Светиот Дух. Ти си создаден за добри дела, а не за делата кои потекнуваат од телесните потреби или од ставот на твоите емоции.

Добрите дела кои Христос ги испланирал за тебе уште пред да се родиш се многу поголеми од читањето на оваа книга со посвети или слушањето на музика за славење. Добрите дела кои Бог ги имал на ум кога мислел на тебе, биле толку величенствени што објавил низ вековите дека ти си Неговото ремек дело. Бог те гледа од почетокот на времето за да направи нешто прекрасно во твојот живот што дури и ангелите ќе се зачудат и ќе посакаат да го прават она за кое си ти создаден да го направиш!
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Holy Emotions - Biblical Responses to Every Challenge

Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

More

Би сакале да се заблагодариме Карол Мек Леод и Џаст Џој Министрис што ја овозможија оваа посвета. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.justjoyministries.com