Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1:1-8

Дела 1:1-8 MK2006

Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, па сѐ до денот кога се вознесе, от­ка­ко преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“ А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Изра­елово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Оте­цот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Дела 1:1-8

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност