Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1

1
Предговор
1 # Лк 1,1.3; 24,19 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, 2#Лк 24,51па сѐ до денот кога се вознесе, от­ка­ко преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. 3#10,40-41; 13,31Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. 4#Лк 24,42-43; 24,49Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: 5#11,16; Лк 3,16Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“
Исус се вознесува на небото
6А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Изра­елово?“ 7И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Оте­цот ги поставил во Своја власт; 8но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“ 9#Лк 24,50-51И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни. 10#Лк 24,4-6И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, 11#Лк 22,69и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го ви­дов­те да оди на небото.“
Избран нов апостол на местото на Јуда
12Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова#1,12 Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење#1,12 Околу 2 километри.. 13#Мт 10,2-4И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. 14#4,32; Мт 18,19; Лк 8,19Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. 15И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече: 16„Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исус, 17#Лк 22,47зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба; 18#Мт 27,3-10но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба. 19#Мт 27,8И тоа им стана познато на сите жи­тели во Ерусалим дека таа нива се на­ре­че на нивниот јазик Акелдама, што зна­чи ‚крвна нива‘. 20#Пс 69,26; Пс 109,8Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘ 21И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, 22почнувајќи од крштавањето Јо­ва­но­во па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“ 23И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј; 24#15,8потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, 25#6,4за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ 26И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.

Селектирано:

Дела 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност