Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1:1-8

Дела 1:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот, па се до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух. Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство. На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа. Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“ Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“ Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува! Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“

Дела 1:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот, па сѐ до денот кога се вознесе, от­ка­ко преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо. Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене: Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крс­те­ни со Светиот Дух.“ А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го вос­тановиш, Господи, царството Изра­елово?“ И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Оте­цот ги поставил во Своја власт; но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Са­марија, и сѐ до крајот на земјата.“

Дела 1:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во првата книга, о Теофиле, го напишав сѐ она што Исус почна да го врши и учи, до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, кои ги беше избрал, на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство. И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене“: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!“ А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Цар-ство?“ А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и наста-ните, што Таткото ги одреди со Својата власт. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност