Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 1:1-8

ДЕЛА 1:1-8 MKB

Во првата книга, о Теофиле, го напишав сѐ она што Исус почна да го врши и учи, до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, кои ги беше избрал, на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство. И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене“: Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!“ А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Цар-ство?“ А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и наста-ните, што Таткото ги одреди со Својата власт. Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сѐ до крајот на земјата.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ДЕЛА 1:1-8

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност