Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела Ап. 1

1
1Во првата книга, о Теофиле, го напишав сè она што Исус почна да го врши и учи,
2до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите, кои ги беше избрал,
3на кои им се претстави жив по Своето страдање, со многу веродостојни докази: јавувајќи им се четириесет дена и им зборуваше за Божјото Царство.
4И додека беше заедно со нив, им заповеда да не се оддалечуваат од Ерусалим, туку да го чекаат ветувањето на Таткото, „што го чувте од Мене”:
5Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!”
6А собраните Го прашаа со овие зборови: „Господи сега ли ќе го востановиш Израелевото Царство?”
7А Тој им рече: „Не е ваше да ги знаете времињата и настаните, што Таткото ги одреди со Својата власт.
8Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата.”
9И кога го рече тоа, се вознесе пред нивните очи, и еден облак Го зеде од пред нивните погледи.
10И кога гледаа кон небото, додека Тој се вознесуваше, ете двајца мажи во бела облека застанаа покрај нив
11и им рекоа: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо.”
12Тогаш се вратија во Ерусалим, од Гората, која се вика Маслинова, што е близу до Ерусалим, еден саботен ден одење.
13И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда.
14Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.
15А во тие дни Петар стана, меѓу браќата, а имаше собрано множество - околу сто и дваесет души - и рече:
16”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;
17тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.
18Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
19И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.”
20Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’
21И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас -
22почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.”
23И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј.
24И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца,
25да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!”
26И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.

Селектирано:

Дела Ап. 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност