ПотрагатаПримерок
Во однос на интимноста со Бог, непремостивото прашање „Кој си Ти, Господе?“, носи уште поголемо прашање од тоа „Кој сум јас, Господе?“ Ако се држиме до тоа дека второто прашање е понизно и со скромна намера, сепак тоа не е библиско. Бог потрошил толку многу мастило на списите од Светото Писмо за да одговори на прашање кое иако е далечно второ, сепак е второ по ред прашање. Користејќи го второто прашање „кој сум јас?“ за да ги донесе луѓето до првото прашање „кој е Бог?“ претставува сведоштво за Неговата чиста милост и трпение. Она што ние веруваме дека Бог е, не Го менува Него, но нашите идентитети, судбини и надежи зависат од тоа верување.
Добро погледни ја глава 33 од книгата на Повторени Закони.
Нашето наследство на верата скриено во Стариот Завет, претставува банка на богатства кои не можат да се потрошат во текот на целиот наш живот. Ние имаме привилегија да живееме во време во кое е комплетно завршено откупителното дело од Исус, Јагнето Божјо, кое е наговестено во секоја старозаветна жртва. Кога ќе ја ставиме нашата вера во Исус, ние сме под Новиот Завет, а не повеќе под Стариот Завет на древниот Израел.
Додека главата 33 од книгата на Повторени Закони ни ги претставува дванаесетте племиња на Израел како да се одвоени парчиња од пророчка пита, според Христовата благодат ние го наследуваме „секој духовен благослов на небесата“ (Ефе. 1:3).
Бидејќи никој не е како Бог, никој не е и како Неговиот народ. Израелците од Стариот Завет, по природа се раѓаа дирекно во Божјата фамилија, додека ние сме нановородени во неа преку Светиот Дух (Јован 1:11-13; 3:3). Ни роденото право не се смета за супериорност. И едното и другото се поради спасението. И двете зависат од благодатта.
Забележи го концептот во Повторени Закони 33:29. „Блажен си ти Израиле! Кој е како тебе, народ _________________________?“
Како луѓе со вера, нашиот извор на сила е многу импресивен. Како таков и го познаваме Бог. Меѓутоа, ако ние никогаш не го поврземе Неговиот идентитет со нашиот, тогаш врската изградена од крстот, која нè поврзува со божествената моќ, останува претежно прекината поради неверието.
Ајде да го видиме прашање „Кој?“ од друга страна.
Прочитај Битие 3:1-13. Следи го одговорот на прашањето „Кој ти го кажа тоа?“ за да го најдеш оригиналниот извор на прашањето. Кој им кажа нешто измамливо што доведе до грев? Утре ќе разговараме подетално за оваа тема на измама.
Свето Писмо
Опис за овој план
Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.
More