ПотрагатаПримерок
Кој што веруваш дека Бог е, и според Неговата светлина, сметаш дека ти си, не е само основа за интимност, туку тоа е и клучно за победа. Препрочитај го Второзаконие 33:29 и ќе ги видиш нишките на победата и идентитетот цврсто поврзани заедно. Само заради штитот и мечот на својот Бог, тие би газеле по грбовите на нивните непријатели.
Сличностите за верниците во Новиот Завет во Ефесјаните 6:10-17 се прекрасни.
Поврзи ги овде:
Секој пораз на едно Божјо дете во битка може да биде заради една од овие две причини:
1) што не сме научиле сѐ уште или 2) како сме биле измамени. Нашите победи и порази се водени од нашите верувања. Така е и со длабочината на нашата интимност со Бога.
Секојпат кога ќе избереме грев, се соочуваме со лага што обично оди вака: Светот е давател, а Бог е примател. Библијата е сигурна основа за она што е точно за Бога, за нас самите, нашето минато, нашите иднини, за другите, за нашите непријатели, за овој свет и следниот. Да чекориш во вистината како дете Божјо и да можеш да забележиш добро испружена лага отелотворена во змија, започни да ги преиспитуваш твоите верувања со овој тест: Кој ти го кажа тоа? Пасторите, овчарите и учителите се дарови за нас, и ние треба да цветаме под нивните инструкции. Како и да е, тие се зависни до тој степен што, она што ќе го кажат, мора да е во согласност со она што го вели Бог.
Ние очигледно не ги учиме нашите идентитети само од пастори и наставници.
Нашите идентитети секако се обликувани од родителите, браќа и сестри, врсници, тренери, спроведувачи на законот, училиштата, искуствата, околината и стравовите. Пример за едно интервју за појаснување на поентата:
Кажи ми неколку работи за себе. Па, јас сум глупав. Немам среќа. Јас сум невешт. Јас сум ужасен со пари. Не сум сакан. Јас сум немоќен. Јас повеќе немам никаков здрав разум. Јас сум неуспех.
Кој ти го кажа тоа? Мајка ми.
Или тоа беше твојот поранешен? Твоите соученици? Твојата болест? Твојот сопствен само-разговор?
За да одиме во вистината со здрави коски, на секое „Кој ти го кажа тоа?“ му треба потрага кон Бога во Словото и, ако е недоследно, треба да се отфрли. Адам и Ева паднаа на лага и го собраа со нив човештвото назад во прав. Нивниот пораз беше брз и тежок и сето тоа заради лажен идентитет. Измамата е секогаш крадец.
Свето Писмо
Опис за овој план
Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.
More