Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПотрагатаПримерок

The Quest

2 ДЕН ОД 7

Бог веќе го познава твоето срце. Тој може да ги чита и твоите мисли. А кога ќе си готов со проучувањето, можеш да го испокинеш твојот дневник или дури и да го изгориш ако сакаш, но, помеѓу сега и тогаш, постоите вистинскиот ти со вистинскиот Господар на универзумот. Ти сакаш и нешто повеќе отколку само одговори. Сакаш откровение. За тоа те создал. Истотака и мене.

Зошто Бог би му поставувал прашања на човекот, кога Тој веќе ги знае сите одговори? Можеби Тој еден ден ќе понуди десетици објаснувања, но одново и одново Словото го сугерира ова: Бог, нашиот Творец, Откупител и Цар, сака интеракција со Неговата ценета креација дури и во сите наши слабости, сомнежи и неуспеси. Тој не сака само интеракција, но и вклученост. Но не само вклученост туку и интимност.

Со тебе. Не со некој што ти отсекогаш посакуваше да бидеш или како што се претставуваш пред луѓето дека си. Со тебе.

Прочитај Битие 1:26 - 2:17 и 3:1-9, забележувајќи ги сите стихови каде Бог дирекно му зборува на Адам. Кое прашање Бог го поставува во Битие 3:9?

Сега, замисли се дека си Адам и дозволи Бог да те испита тебе. Каде се наоѓаш? Треба некаде да одиш, но секоја точна рута до твојата цел започнува со твојата моментална локација. Во дневник, пишувај му дирекно на Бог, опишувајќи каде си точно во моментов во својот живот. Ако се наоѓаш на релативно добро место, кажи Му за тоа. Изразувај се што е можно попрецизно како да разговараш со некој кој навистина е заинтересиран и би се радувал заедно со тебе. Од друга страна, може се наоѓаш на некое монотоно, болно и осамено место.

Опиши Му на Бог каде се наоѓаш, со целосна слобода. Според некоја веројатност, ти си на понијансирано место отколку што може да се опише со една придавка. Кажи му ги сложеностите.

За волја на вистината, можеби сакаш и ти на Бог да му го поставиш истото прашање: „Боже, каде се наоѓаш?“ или „Каде беше кога ...?“. Можеби библиски и теолошки, веќе го знаеш одговорот. Твојот ум ги познава библиските ветувања дека Тој нема никогаш да те напушти нити да се заборави, но, твоето срце моментално се чувствува како Бог никаде да го нема. Навистина можеш да го прашаш Бог каде се наоѓа, или ако се однесува за на претходна ситуација, каде бил.

Заврши го твоето пишување денес со Псалм 139:7-10, или со позајмување на точните зборови на псалмистот или преку претставување на неговите изрази со свои зборови. 

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

The Quest

Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.

More

Сакаме да им се заблагодариме на Бет Мур и LifeWay Women за овој план. За повеќе информации, види: http://www.lifeway.com/thequest