Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПотрагатаПримерок

The Quest

7 ДЕН ОД 7

Во првите 4 прашања, Бог го држи фенерот за смртникот да се пронајде себеси во врската со Бога: Каде си ти? Кој ти го кажа тоа? Што бараш ти? Од што се плашиш ти? Во еден сјаен контраст, прашањето -колку повеќе-, секогаш ќе го одземе погледот на пронаоѓачот од мрачното себе-фокусирање, кон хоризонтот каде сончевите зраци го обојуваат небото.

„Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде …?“ Лука 11:13а

Исус го дава одговорот преку реторичкиот дел од прашањето: Колку повеќе?

Многу повеќе.

Тоа прашање од два збора со својот одговор секогаш ослободува еден вруток од надеж.

Фасцинантна е споредбата на зборовите во Евангелието по Лука и Евангелието по Матеј, за овој исечок од Христово поучување. Прочитај Матеј 7:7-11. Што мислиш за тоа?

Во завршните зборови од книгата на Дела апостолски, Лука го спомнува Светиот Дух повеќе од 55 пати. На кој начин стихот од Дела Апостолски 10:45 има посебно значење?

После сето она што Лука го видел, слушнал и доживеал, не е ни чудо што под инспирација на Светиот Дух напишал „колку повеќе Небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“ (Лука 11:13). Тој знаеше со секое делче од своето битие, дека нема дар на земјата како Светиот Дух. Замисли си еден доктор, кој изградил кариера од систематизирано знаење на научни методи, кој стои настрана и гледа како Светиот Дух им пркоси на објаснувањето и законите на природата. Лука не бил лековерен наивник. Тој бил способен да ги испитува ефектите за да ги утврди причините.Тој видел безброј објави на Духот преку збор, лекување и дело и бил употребен од Бога за да запише трајни записи за чудесните средби поттикнати од истиот Дух.

Запомни, Бог е давател. Според зборовите во Римјаните 8:32 „Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?“ Можеме да сведочиме за привремени подароци што Бог ни ги дал додека нѐ држи гласот, но збирот од сите нив е ништо во споредба со врвниот дар на Христовиот Дух. Во овој момент, ние живееме неподготвени за бескрајните други подароци кои Тој ги има за нас: Неговите утешувања, Неговите радости, Неговите средби, Неговите овластувања, Неговите упатства, Неговите наклони. За нив нема крај.

Свето Писмо

Ден 6

Опис за овој план

The Quest

Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.

More

Сакаме да им се заблагодариме на Бет Мур и LifeWay Women за овој план. За повеќе информации, види: http://www.lifeway.com/thequest