Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПотрагатаПримерок

The Quest

6 ДЕН ОД 7

Прочитај Матеј 8:23-27.

Ако твојата фантазија никогаш не била соочена со езерската вода, со тресење на колена или со морска болест, можеби треба да се вратиш и да го прочиташ делот повторно.

Испаѓа дека доброто познавање на некоја приказна може да има ужасен начин на прераскажување.

Насилна бура. Таква што може да те убие. Бура што може да донведе професионални морнари до крајот на нивните јажиња и да го преврти бродот на силен маж, како играчка на мало момче. Ветер толку силен од кој одвај можеш да чуеш што ти вика личноста која е на само неколку сантиметри од тебе. Бранови што паѓаат на страна, правејќи базен од трупот на бродот. Бродот се навалува сериозно налево. Друг бран. Ветерот ги удира едрата како огромните тупаници на митските богови, фрлајќи те кон твојот другар како космичка игра со стапчиња.

А Исус е цврсто заспан.

Забележи го чудниот редослед. Исус не го смири морето најпрво, а потоа да го постави прашањето. Тој го постави прашањето, па потоа го смири морето. Тоа што најмногу им пречеше на учениците, е дека Тој не се помачи ни да стане за да го постави прашањето. Тој праша, а потоа стана и ги прекори ветровите и морето.

Неговото прашање до учениците е всушност нашето четврто прашање за проучување. Најди време да се потсетиш за тоа во кратката форма што ја формиравме првиот ден. Зошто се плашиш?

Дел од промената на нашето гледиште на потрагата до вера е да се справиме со стравови што се закануваат да нè парализираат или да нè истркалаат од патот и да нѐ остават во фетусна поза. Нашите стравови можат да се разликуваат, но веројатно е дека никој не е без страв. Сепак, на некои чудни начини, немилосрдноста на стравот може да возврати удар.

Спознанието дека стравот, доколку е сместен во нас, нема да знае за граници, може да нè турне долу или да нè поттикне да се бориме како мало дете кое сака да удри голем силеџија во стомакот.

Божјите зборови кон Каин во Битие 4:7б може да ни звучат познато. Стравот чека на мојата врата. И гревот исто така, но, можеби нашиот прв чекор до слободата е да ги препознаваме многубројните гревови што произлегле од нашите стравови. Копнежот на стравот беше наменет за мене. Зборот добредојде на прагот пред мојата врата почнува да добива прашално значење. На што да посакам добредојде? Што да одбијам? Стравот чека, спремен да нападне. Дали ќе му дозволиме да нѐ изеде живи?

Бог на своите следбеници им порачува да не му даваат место на стравот.

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

The Quest

Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.

More

Сакаме да им се заблагодариме на Бет Мур и LifeWay Women за овој план. За повеќе информации, види: http://www.lifeway.com/thequest