Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПотрагатаПримерок

The Quest

1 ДЕН ОД 7

Ние сме овде на прошетка. Замисли да бидеш на продолжено пешачење со некого при што имате целосна слобода на разговор, но под услов да не се поставуваат прашања. Зборувајте додека устата не ви се исуши, но не се дозволени прашања. Ни основните од типот „Како си?“ или „Да не огладна?“. Размената на изјави ќе оди добро некое време, но, порано или подоцна, вие повеќе нема да разговарате еден со друг. Едноставно, само ќе се слушате еден со друг. Тоа не претставува дијалог. Тоа e ораторство. После долго ораторство, дури и најдобрите слушатели, престануваат да слушаат.

Да чекориш со Бог значи да бидеш во потрага, освен ако рутината не те однела до состојба на месечарење. А ниедна потрага не е потрага ако е без прашања. Состојбата на взаемно распрашување не е никаде попривлечна отколку во врската со Бог. За почетниците, Тој не ни одговара гласно ниту ни пишува на небото, како што би посакале Тој да направи кога ќе му поставиме прашање. Сепак, Тој запишал со Словото повеќе одговори отколку што можеме да ги апсорбираме во текот на целиот живот.

Имаме воспоставено пет божествени прашања кои, ако се осмелиме да ги одговориме, имаат потенцијал да ја преиспитаат и повторно да ја започнат прошетката со Бога, која излегла од патот, заглавила во ќорсокак, или го изгубила нашиот интерес. Започни денеска со меморирање на овие прашања. Стави ги толку длабоко во својот ум, што ќе можеш и на сон да ги кажеш. Првите две се поставени од Бог Отецот, а последните три се поставени од Синот Исус. Некои од нив се скратени за полесно да се запамтат.

„КАДЕ си?“ (Битие 3:9)

„КОЈ ти го кажа тоа?“ (Битие 3:11)

„ШТО бараш?“ (Јован 1:38)

„ЗОШТО се плашиш?“ (Матеј 8:36)

„Уште КОЛКУ?“ (Лука 11:13)

Иако ќе наидеш на бројни други прашања на патот што претстои, одговарајќи на овие пет ќе ти постави почетна основа за да размислиш и да процениш.

Следните неколку дена ќе ти бидат преокупирани со овие прашања. Еве и зашто.

Ефектите од оваа екскурзија нема да ја надминат твојата искреност. Тие ќе одат точно толку длабоко колку што ќе се држиш до вистината. Ништо не е надвор од границите, освен нечесноста.

  

Ден 2

Опис за овој план

The Quest

Во овој 7 - дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.

More

Сакаме да им се заблагодариме на Бет Мур и LifeWay Women за овој план. За повеќе информации, види: http://www.lifeway.com/thequest