Повторени закони 33
33
Мојсеј ги благословува дванаесетте израелски колена
1 #
1 Мојс 49
Ова е благословот, со кој Мојсеј, човекот Божји, ги благослови синовите на Израел пред својата смрт. 2#2 Мојс 19,1-2; Суд 5,4; Авак 3,3; Јуда 1,14И рече: „Господ дојде од Синај, им се јави во Сеир, заблеска од планината Фаран и пристигна со илјадници светии; а во десницата Негова огнен закон за нив. 3Сепак, Ти го сакаш Својот народ и сите светии се во раката Твоја, и тие паднаа пред Твоите нозе, за да ги слушнат зборовите Твои. 4Закон ни даде Мојсеј, наследство на народот од Јаков. 5#32,15И тој беше цар на Јешурун кога се собираа народните кнезови, заедно се соединија израелските племиња. 6Да живее Рувим и да не умира, па макар и да е малуброен!“ 7А за Јуда го кажа ова: „Чуј го, Господи, гласот на Јуда и доведи го кај народот негов; да се заштити со рацете свои, а Ти биди му помошник против непријателите негови.“ 8#6,16; 2 Мојс 17,1-7И за Левиј рече: „Твојот ‚тумим‘ и Твојот ‚урим‘ се на светиот маж Твој, кого што Ти го искушуваше во Маса, 9#2 Мојс 32,25-29; Мт 10,37; 12,46-50кој рече за татко си и за мајка си: ‚јас не ги видов‘, и браќата свои не ги признава, и синовите свои не ги познава, бидејќи тие, ги почитуваат зборовите Твои и го пазат заветот Твој, 10го учат Јаков на законите твои, и Израел на Твоите заповеди, ставаат темјан пред лицето Твое и сепаленици на жртвеникот Твој; 11благослови ја, Господи, силата негова и прими ги делата на рацете негови, порази ги бедрата на непријателите негови, што стануваат против него и кои го мразат, за да не можат да се подигнат.“ 12За Венијамин рече: „Кого Господ го сака, тој живее во Него со радост, Бог го заштитува секогаш, и тој почива врз рамената Негови.“ 13#1 Мојс 49,25-26За Јосиф рече: „Нека ја благослови Господ земјата негова со многу сакани дарови небески, со роса и со дарови од бездната, што лежи долу, 14со најдоброто што доаѓа од сонцето и со најдоброто што го донесува месечината, 15#Авак 3,6со дарови од старите планини и со дарови од вечните ридови, 16#2 Мојс 3,1-6и со најдоброто од тоа што ја исполнува земјата, и благословот на Оној што се јави од капината да слезе врз главата на Јосиф, врз темето на избраниот меѓу браќата; 17#Пс 92,10цврстината му е како на првородено теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви.“ 18На Завулон му рече: „Весели се, Завулоне, во своите патишта, и ти Исахаре, под шаторите твои; 19#Ис 60,5; Пс 4,5вие го свикувате народот на планината, таму ќе принесете жртви според законот на правдата, бидејќи богатството на морето ќе ве храни, и сокровиштето сокриено во песокот.“ 20#1 Мојс 49,9; 4 Мојс 24,9За Гад рече: „Благословен нека е кој ќе го прошири Гад; тој почива како лав, готов да ја раскине жртвата своја од пети до глава; 21#Ис.Н. 4,12-13тој си ги присвои првините од освоеното, што му го додели Законодавецот; тој оди во првите редови на народот, извршувајќи го светото дело Господово и својот долг кон Израел.“ 22За Дан рече: „Дан е млад лав, кој скокна од Башан.“ 23За Нефталим рече: „Нефталим е презаситен со пријатности, па нека се засити и со благослов од Господ; Западот и Југот ќе ги наследи.“ 24За Асир рече: „Благословен меѓу синовите ќе биде Асир, тој ќе биде омилен меѓу браќата свои и во масло ќе ја натопи ногата своја. 25Од железо и од бакар се твоите резиња; 26#2 Мојс 15,11Нема друг Бог како твојот Бог, Јешуруне! Кој се пронесува по небото, тебе на помош, и со великолепие на облаците. 27#Пс 90,1-2Единиот Бог е твое прибежиште, а вечните Негови раце се твоја поткрепа. Тој го прогонува непријателот пред тебе и ти вели: ‚истребувај!‘ 28#4 Мојс 23,9; Ер 23,6Израел живее во спокој, потомците на Јаков се сместија во засолниште, во земја изобилна со жито и вино, каде небото праќа роса. 29#Пс 33,12; 115,9-11; 144,15Блажен си ти, Израеле! Кој е како тебе, народ пазен од Господ, Кој ти е штит – закрилник и меч на славата твоја? Твоите непријатели ќе бараат милост од тебе, а ти ќе ја газиш гордоста нивна.“
Селектирано:
Повторени закони 33: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006