Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 34

34
Смртта Мојсеева
1 # 4 Мојс 22,1; 5 Мојс 3,27; 32,48-49 Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Ерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галаад сѐ до Дан, 2и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до Западното Море, 3и регионот на Негев, и рамнината околу Ерихон, град на палми, дури до Сигор. 4И му рече Господ: „Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраам, на Исак, и на Јаков, велејќи: ‚На вашето семе ќе им ја дадам‘; дадов да ја видиш со очите твои, но ти таму нема да појдеш.“ 5#Ис.Н. 1,1-2И умре таму Мојсеј, слугата Госпо­дов, во земјата Моав, според зборот Господов; 6и го погребаа во долината, во земјата Моав, спроти Бет-Пеор, но до денеска никој точно не знае каде е погребан. 7#5 Мојс 31,2Мојсеј беше на сто и дваесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала. 8И синовите на Израел го оплакуваа Мојсеј во рамнините моавски триесет дена. А потоа поминаа и деновите за плачење и тагата по Мојсеј. 9#4 Мојс 27,18-23И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше положил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите на Израел и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. 10#2 Мојс 33,11И не се појави веќе таков пророк во Израел, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице в лице, 11на кого Господ го беше испратил да ги изврши во египетската земја сите тие знаменија и чуда над фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова. 12#2 Мојс 14,31Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши со моќна рака пред очите на целиот Израел.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност