Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 3:1-13

Создавање 3:1-13 MK2006

Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“ А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“ Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“ Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше. Тогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја. Но Господ Бог го повика Адам и му рече: „Каде си?“ А тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.“ И Тој рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“ Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.“ Тогаш Господ Бог ѝ рече на же­ната: „Зошто го направи тоа?“ Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Создавање 3:1-13

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност