Што е вистината?Примерок
Го имаш слушнато ...
Многу е вредно да ја вежбаме нашата способност за правилно расудување, всушност, крал Соломон, кој бил еден од најмудрите луѓе што се родиле на земјата, вели дека доброто расудување и разбирање е најмудрото нешто што еден човек може да го направи. Денес ќе бидеме практични и ќе разгледаме некои „културолошки вистини“ од перспектива на вистината.
Исус (вистината) постојано ги предизвикуваше и пореметуваше од корен постоечките културолошки идеи. Проповедта на планината, која во голем дел претставува колекција од исправки на нашите недоразбирања за тоа, како е правилно да се живее под Божја закрила. Еден пример има во книгата на Матеј, каде има запишано што зборува Исус:
„Сте слушале дека е кажано: Љуби го својот ближен, а мрази го непријателот. А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, …” Матеј 5:43-44 MK2006
Сте слушале дека е кажано … но јас ви велам. Каде треба да ги примениме овие зборови, овој тест во нашите животи?
Можеби си слушнал дека треба да го правиш тоа што те прави среќен. Нешто во стилот, Бог се грижи за мене затоа јас ќе го правам тоа што ме прави среќен. Ова звучи супер, но има еден проблем, Исус никогаш нема кажано „да го правиш тоа што те прави среќен“, Тој ни заповеда да бидеме свети како што е Тој. Тој искрено нѐ подготвува со тоа што ни кажува дека во овој свет ќе искусиме мака, но можеме да бидеме сигурни дека Тој го победи светот. Нашата приказна има среќен крај, но доколку Исус го правеше цело време тоа што го прави среќен, Тој немаше да отиде да умре на крстот за нас и ние би останале безнадежни, така што, вистината не е да го оствариме нашето чувство за среќа, туку да трагаме по светиот идентитет, како што сме повикани.
Еве уште едно нешто. Веројатно си слушнал дека секогаш треба да пробаш да бидеш прв, дека треба да направиш сѐ за да се издигнеш над сите. Можеби си бил искушуван со ваков менталитет, после сѐ, Бог им помага на оние што си помагаат себеси, нели? Всушност, Исус и Неговите најблиски следбеници постојано нѐ предизвикуваат со тотално спротивната идеологија. Петар вели:
Понизете се под крепката рака Божја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето. 1 Петар 5:6 MK2006
А Павле напишал:
не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, туку и за другите! Филипјаните 2:3-4 MK2006
Значи вистината е дека ние не сме центарот на светот и дека во животот не е најважно да бидеме први. Да живееме во вистината значи да му веруваме на Бог и да се однесуваме искрено и понизно према луѓето.
Врз основа на овие примери, може да видиме дека, кога нашето разбирање за вистината е цврсто вкоренето во Исус, можеме да се справиме со било која културолошка идеја и самоуверено да го прифатиме тоа што е во границите на нашите верувања и да го одбиеме тоа што не е. Познавањето на вистината, познавањето на Исус, нѐ ослободува и ни овозможува да го живееме животот со специјално осигурување во свет каде што сеуште се поставува старото прашање кое го постави Пилат: Што е вистината?
Опис за овој план
Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.
More