Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистината?Примерок

What Is Truth?

3 ДЕН ОД 7

Живот, слобода и потрага по среќа

Можеме да бидеме сигурни дека вистината е релациона и непроменлива поради тоа што е вкоренета во Исус. Ова не е нешто непознато или некоја мистерија на универзумот, тоа е реалност, тоа е нашиот личен Спасител Исус. 

Тоа е уште една неверојатна работа за Исус: Тој е нашиот извор на животот. Во Јован 1, видовме дека Исус е оригиналот—Тој е Бог и беше со Бог уште на почетокот. Оваа глава продолжува со:

Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. Во Него беше Животот , и Животот им беше светлина на луѓето. Јован‬ ‭1:3-4‬ ‭MK2006

Ова значи дека можеме да најдеме живот во Исус и сетете се дека подоцна во евангелието според Јован, Исус вели: „Јас сум патот, вистината и животот ... ” Ова значи дека и вистината и животот можеме да ги најдеме во Исус, Тој е изворот на двете. Јован јасно изјавува во овие стихови дека ние не можеме да ги одвоиме вистината и животот, така што доколку се одлучиме да го отфрлиме Исус како вистината, ние во исто време го отфрламе и животот. Поради тоа што вистината и животот се составен дел од Неговиот карактер, не може да гледаме на нив како на облека што можеме да ја облечеме кога ни одговара, туку како на вечни својства на нашиот непроменлив Бог, кои треба да ги прифатиме. 

Одлуката да го отфрлиме Бог како автор на животот и вистината, во реалноста има опасни последици. Ова е точно тоа што се случи на почетокот од приказната во Библијата, кога на Адам и Ева им беше дадена можноста да изберат дали ќе живеат засекогаш слободни по Божјата промисла или ќе ја редефинираат вистината да биде соодветна на нивните желби. Реалноста каква што Бог ја создал им дозволуваше да живеат во таа совршена градина каде што можеа да бидат блиски со Бог и меѓусебно. Во Создавање 2 глава пишува дека Адам и Ева биле голи, но не биле засрамени. Видете што се случува во моментот кога пробуваат да ја свртат вистината во полза на нивните желби: 

„Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја.‬‬ Создавање‬ ‭3:8‬ ‭MK2006

Срамот навлезе во приказната, тие почнааа да се кријат од Бог, Оној со кого претходно беа толку многу блиски. Тие искусија болна загуба со тоа што се оддалечија од идејата за животот, која Бог ја имаше за нив и поради тоа што се отцепуваме од вистината, ние се отцепуваме исто така и од животот.

Предизвик: Помисли на некои области од твојот живот во кои си искушуван да ја промениш вистината врз основа на своите желби. Кога ги заменуваме нашите желби со Неговата вистина, ние правиме размена во владеењето на Божјата реалност со владеење на срамот и стравот во нашите животи. Вистината и животот се неразделиви поради тоа што имаат ист извор—Исус. Што може да ти помогне да одлучиш да го заосноваш своето разбирање за тоа дека до вистината можеш да дојдеш само преку Исус? Како оваа одлука може да влијае врз областите во кои си искушуван како што ги наведе претходно?

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

What Is Truth?

Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.

More

Благодарни сме на Life.Church што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, посетете ја веб-страната: https://www.life.church/

Слични Планови