Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистината?Примерок

What Is Truth?

5 ДЕН ОД 7

Започни со човекот што го гледаш во огледало

Вчера ја побивме старата лага што нѐ учи дека вистината нѐ ограничува и потиснува. Денес, треба да посочиме на уште една заблуда за вистината, за која не се говори многу, но често се употребува. Знаете, вистината никогаш не требаше да ни послужи како оружје со кое ќе уништуваме, туку како темел врз кој ќе градиме, сепак, уште во времето на Исус, религиозните водачи ги употребуваа вистината и законот од Божјиот завет како алатка за да имаат моќ врз луѓето. На Исус не му се допаѓаше ова.

Во Матеј 23, Исус не можеше да го издржи ова и застрашувачки гласно ги прекори фарисеите, не ги удри, но ја разоткри нивната корупција и хипокритичност.

„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате цар­ството небесно пред луѓето; зашто, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат.” Матеј‬ ‭23:13‬ ‭MK2006‬‬

Покрај ова, Исус ги нарекува змии, им кажува дека се полни со тела што скапуваат и ги нарекува деца на пеколот. Тој е сериозен, и јасно дава до знаење дека придобивките од лажната употреба на вистината е многу лоша работа. 

Треба да бидеме внимателни, да не ја направиме истатата грешка. Дали мислиш дека е невозможно да се најдеш во иста позиција како тие религиозни водачи? Полесно е тоа отколку да признаеме дека ги гледаме грешките кај другиот пред да ги приметиме своите грешки. Лесно е да критикуваме луѓе со цел да добиеме чувство дека сме подобри од другиот. По сѐ, ти никогаш не си го сторил тоа што таа го сторила или не си стигнал до тој степен да бидеш лош како некој друг. Овој менталитет те става на граница да бидеш идентификуван како фарисеј. 

Поради тоа Исус мудро нѐ предупредува прво да се преиспитаме себеси и да се справиме со „гредата во нашето око“ пред да се обидеме да ја тргнеме раската од нечие друго. Ова е можеби смешно да се замисли, но ефективно ја илустрира нашата тенденција да ги сведеме на минимум нашите грешки и проблеми, а да ги преувеличуваме грешките што ги гледаме во другите. 

Поради ова Јаков, Исусовиот брат, ја споредува Божјата вистина, Неговиот совршен закон, со огледало. Се работи за тоа дека обично не користиме огледало за да видиме други луѓе, туку подобро да се видиме себеси.

Предизвик: Дали ти е полесно и си брз на тоа да го свртиш огледалото кон лицата на другите, а забораваш да погледнеш во каква состојба е твоето срце? Одговори си го ова прашање додека се молиш и бараш простување од Бог и бараш постојано да бидеш до Бог за да ти помогне да дадеш понизен одговор во сите ситуации во кои ќе се најдеш.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

What Is Truth?

Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.

More

Благодарни сме на Life.Church што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, посетете ја веб-страната: https://www.life.church/

Слични Планови