Што е вистината?Примерок
Како можеш да бидеш сигурен?
Во текот на минатите неколку дена, го одговоривме прашањето „Што е вистината?“ Како и да се свртиме, секогаш откриваме дека вистината е неодвоен дел од Исус, оригиналнот. Поради тоа што Тој е вистината, ние можеме да бидеме уверени во неколку нешта. Прво, вистината е релациона и можеме да дојдеме до неа доколку го познаваме Исус. Второ, вистината е непроменлива поради тоа што Исус не се менува. Трето, вистината дава живот поради тоа што Исус како оригинал не е само изворот на вистината туку е извор и на животот и овие две нешта се составен дел од Неговата вечна природа.
Ние исто така разговаравме за неколку нешта што вистината не претставува. Таа не е потиснувачка, всушност, лагите заробуваат додека вистината нѐ ослободува. Вистината не е алатка за добивање на моќ над другите, тоа е антитезата на нејзината цел. Вистината ни дозволува да ги порамниме нашите животи со основата на реалноста.
Така знаеме што е вистината или што не е вистина, но сепак можеби сè уште се прашуваш како добро да процениш дали нешто е вистина или не. Тоа е добро прашање. Ние добро знаеме дека најдобрите лаги се оние што звучат вистинито, па како можеш да бидеш сигурен?
Кога размислуваме дали го имаме точниот одговор, обично го споредуваме со некаков клуч. Кога сакаш да знаеш дали ја имаш точната боја за бојадисување на ѕидовите, ја споредуваш со некој примерок пред да започнеш со нанесување на ѕидовите на твојата куќа (се надевам). Поентата е дека имаш со што да направиш споредба, така што кога одлучуваме дали нешто е вистинито го споредуваме со оригиналот. Дали ова наликува на Исус? Дали е складно на Неговиот карактер и природа?
Доколку не е складно со Исус, тогаш е неконзистентно со вистината бидејќи тие се едно исто. Сè уште не си сигурен? Размисли за плодот на идејата со која се соочуваш. На каде води? Какви се резултатите? Вистината води до слобода и живот, не во срам и ропство. Дали последицата на твојата одлука е добар плод и живот?
Понекогаш нашите лични желби ѝ пречат на нашата способност да разликуваме вистина од невистина. Едноставно кажано, ние сакаме некои нешта да бидат вистина, а не се вистинити. На пример, многумина од нас би сакале да веруваат дека носиме одлуки во вакум и дека нашите одлуки имаат влијание само врз нас. Ние сакаме тоа да биде вистина затоа што кога ќе згрешиме и направиме нешто глупаво, не сакаме да се справиме со болката или со вината што сме им ја нанеле на другите загрозени од нашите дела. Но, факт е дека ниту една наша одлука не е комплетно независна од други фактори, дури и оние „тајните“ одлуки создаваат окрутување во врските со твоите блиски луѓе и ја ограбуваат вашата близина.
Не значи дека е вистина само поради тоа што така сакаме да биде. Многу често се случува да процениме дека нешто е вистина учејќи како да ги одвоиме нашите желби од реалноста. Треба да научиме како да гледаме подалеку од себе и да ги упатиме нашите погледи кон Исус—авторот на нашата вистина. Сега, како да знаеме дали е нешто вистина или не? Сѐ што треба да направиме е да споредиме со оригиналот, да гледаме во плодот и да ја бараме вистината од изворот, надвор од нашите желби.
Предизвик: правете ги овие вежби денес и создадете си навика да ги поминувате сите работи преку филтерот за совршена вистина, Исус. Што е тоа што го гледате често на социјалните медиуми? Има нешто? Сега споредете го со оригиналот, имајте предвид каде нѐ води и проверете го изворот. Дали само сакате тоа да биде вистина или навистина тоа е вистината? Запиши си забелешки во текот на ова искуство и побарај од Исус да ти зборува.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.
More