Што е вистината?Примерок
Што е вистината?
Дали некогаш размислуваш за тоа што е вистина? Со толку многу лажни информации и ралични мислења околу нас, изгледа како секоја страна да си има создадено своја верзија од вистината и идеја за тоа во што треба да веруваме. Може да се изнервираме, исплашиме и збуниме при истражување на фактите што постојано ни ги нафрлаат.
Пилат, Римскиот гувернер што го испрашувал Исус за време на неговото судење, ја почувствувал таа тензија и во огорченост извикал, “Што е вистина?”
Она што не разбрал е дека додека го кажувал тоа, буквално ја гледал вистината во лице. Знаете, Исус, во Јован 14:6, тврди дека Тој е патот, вистината и животот, што значи дека не се работи за само „што е“ вистината, туку „кој“ вистината. Вистината има име и лик. Тоа име е Исус.
Како е возможно Исус толку храбро да тврди дека Тој е вистината? Епа, вистината по дефиниција е нешто што е конзистентно со оригиналот или со реалноста. Во Јован 1, читаме:
Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Јован 1:1-2 МК2006
Што значи ова? Исус беше со Бог од почетокот и Тој е Бог! Па, Исус повеќе од сѐ и сешто е конзистентен со Оригиналот бидејќи Тој е оригиналот! Тој беше таму од самиот почеток.
Поради тоа што вистината е врзана со личноста Исус, за некои нешта може да кажеме дека ги знаеме со сигурност. Како прво, вистината не е релативна туку е релациона, што значи дека знаеме што е вистина врз основа на нашата врска со Оној што е вистината. Со други зборови, вистината не е она што ние сакаме да биде ниту пак се заоснова на нашите чувства или културата која нѐ опкружува моментално, туку е вкоренета во Исус, оној кој нѐ кани да бидеме во врска со Него. Ние можеме да ја видиме вистината поради тоа што го познаваме Исус.
Предизвик: Првиот чекор во откривање на вистината во овој свет е оформувањето на врска со оригиналот, Исус. Што е тоа што можеш да го преземеш денес за да ја изградиш или зацврстиш твојата врска со Него? Одговори го ова прашање додека се молиш и замоли го Исус да те пронајде таму каде што си во периодот што следува.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.
More