Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистината?Примерок

What Is Truth?

4 ДЕН ОД 7

Слобода!

Ако го познаваш Исус, ја познаваш вистината. Правата, релациона, непроменлива и животодавна вистина, која доаѓа од нашиот извор на животот, Исус. Претходно разговаравме за тоа колку е удобно да се знае дека вистината не е произволна или неодредена туку е сигурна и добро позната. Тоа е врска што може да биде центар на нашите животи во секојдневието, што ќе ни овозможи стабилност и слобода каде и да се наоѓаме.

Многу е важно да го разбереме ова, поради тоа што, исто како Адам и Ева на почетокот во Создавање 3 глава, и ние можеме да бидеме искушувани од лагата дека вистината дефинирана од Бог, нѐ ограничува и нѐ потиснува. Во моментот кога Адам и Ева одлучија да и поверуваат на змијата, тие се согласија со идејата дека Бог крие нешто од нив. Сите ние јасно можеме да видиме дека тоа не е така и дека Бог сака да ги заштити своите деца да не бидат отсечени од Него—да не бидат збунети или да искусат неизбежна смрт ако сме оддалечени од изворот на редот и животот, ама, сепак, таа лага е доволно влијателна и ефективна. 

Лагите нѐ заробуваат. Нѐ затвораат во циклуси од затскривања, зависности, срам и изолација, додека вистината го има обратниот ефект, таа не нѐ ограничува или потиснува туку нѐ ослободува.

Тогаш Исус им говореше на Ју­деј­ците што беа поверувале во Него, „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вис­тината ќе ве ослободи.“ Јован‬ ‭8:31-32‬ ‭MK2006‬‬

Го сфати ова? Ако ја запознаеме вистината, вистината ќе не ослободи! Оваа слобода доаѓа како резултат на блискоста и довербата во Исус (вистината). Знаете, да се чекори во вистината не значи дека треба само да се држиме цврсто до некоја листа од правила; треба да уживаме во врската со Спасителот, со ослободителот на заробениците, кој додека проповедаше во синагогата на почетокот од неговата служба, го цитираше пророкот Исаија: 

„Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледува­ње, да ги пуштам на слобода напатени­те ...” Лука‬ ‭4:18‬ ‭MK2006‬‬

Исус продолжува со тоа што просто изјавува дека описот за Месијата е точно Неговата биографија—тоа е она што Тој претставува и тоа е причината зошто Тој е дојден тука: да ги ослободи луѓето

Немој да веруваш во таа античка лага, која те искушува да ја отфрлиш вистината поради тоа што те попречува во твојата слобода. Тоа не е точно. Вистината има лице и се вика Исус. Тоа е оној што дојде да нѐ ослободи од оковите што сами си ги ставаме.

Предизвик: Пробај да идентификуваш некоја лага што те спречува да го искусиш животот што Бог наумил да го живееш. Можеби е нешто многу мало што ти ги поткопува врските со луѓето околу тебе, можеби е нешто многу поголемо, со кое се соочуваш долго време. Запиши го и побарај го вистинскиот одговор во Исусовиот збор, кој ќе те ослободи. Научи го стихот на памет за да можеш да се потсетиш на него секогаш кога ќе бидеш искушуван со истите лаги во иднина.

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

What Is Truth?

Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.

More

Благодарни сме на Life.Church што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, посетете ја веб-страната: https://www.life.church/

Слични Планови