Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Што е вистината?Примерок

What Is Truth?

2 ДЕН ОД 7

Вчера, денес и засекогаш

Вистината не е релативна, таа е релациона затоа што не се работи за тоа „што е“ вистината туку „кој е“ вистината. Вистината има име и лице, тоа име е Исус. Колку повеќе го запознаваме Него, толку полесно можеме да ја распознаеме вистината во оваа луда култура што нè опкружува.

Нешто што е навистина неверојатно и удобно кога станува збор за Исус е тоа што Тој е непроменлив. Стихот во Евреите 13:8 нѐ потсетува дека Исус Христос е ист денес, утре и вчера. 

Што значи дека Исус е ист уште од почетокот на времето, таков каков што бил пред 2000 години, таков е и денес, Тој седи сè уште на Неговиот трон. Поради тоа што Исус не се менува и вистината исто така е непроменлива. Вистината е апсолутна и можеме да си дозволиме да бидеме зависни од неа во животот, што ја прави Неговата непроменлива природа толку удобна.

Можеме да ја земеме како пример Исусовата популарна проповед на планината, каде што кажува за двајцата мажи, кои си граделе куќи. Едниот од нив решил да ја гради на мека песоклива земја, што предизвикало темелот и куќата да му се сруши кога надошла бура и заврнало дожд, додека другиот човек ја изградил куќата на цврст камен, па неговата куќа издржала и не се помрднала кога имало невреме.

Исусовата приказна ја прикажува големата важност на нашата основа на вистината, нашиот темел. Доколку се одлучиме да ги положиме нашите животи на нешто привремено, како мислењето на другите или моменталните трендови во културата, секогаш ќе се најдеме во ситуација да ги собираме скршените делчиња од уништените врски или предизвикувачки околности, но кога ќе избереме да ги градиме нашите животи на цврста, непоместлива основа на вистината, трендовите во културата и мислењата можат да избледат и поминат, луди работи можат да се случат во светот и во нашите животи, но ние ќе можеме да ги издржиме. Ќе стоиме исправено и можеме да бидеме стабилна потпора за другите луѓе. 

Бидејќи вистината не е релативна, туку е релациона и непроменлива. Исус нè кани да имаме врска со Него, а Тој е стабилен. Познавањето на вистината ни носи стабилност во нашите животи.

Предизвик: Дали често се чувствуваш исфрлено од бурите на животот? Провери го твојот темел, да не случајно градиш на нешто меко и што се поместува, на нешто како трендови во културата? Во кој дел од твојот живот можеш да ја подобриш стабилноста? Идентификувај ја и покани го Исус (вистината) на тоа место.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

What Is Truth?

Дали е мојата вистина или е правата вистина? Што се случува кога овие две вистини ќе се судрат? Како да знаеме дали нешто е вистинито или не? Придружи ни се следните седум дена во разгледување на идејата за тоа дека вистината не е апстрактен концепт—туку е вистинска личност. Личност со име и лице, личност што е непроменлива, животодавна и бесконечно љубезна, личноста чие име е Исус.

More

Благодарни сме на Life.Church што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, посетете ја веб-страната: https://www.life.church/

Слични Планови