Недостаток на мирПримерок
Мир во хаосот
Дали е возможно да се биде смирен додека поминуваш низ периоди исполнети со болка? Краткиот одговор е да, но тоа не го намалува интензитетот на болката. Всушност, ти можеш истовремено да искусуваш болка и мир.
Учениците и првите Исусови следбеници го знаеа овој факт од прва рака. Бурните времиња не беа непознати за нив, но тие сепак продолжија засекогаш да бидат верни и покран тоа што поминуваа низ периоди на фрустрација, збунетост, двоумење или неспокој. Погледни само што напишал Павле за неговите искуства:
Браќа, не сакаме да ја затаиме неволјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, кој ги воскреснува мртвите. 2 Коринтјаните 1:8-9 MK2006
Павле не сакаше да ги ублажи нивните искуства, тој не сакаше луѓето да мислат дека ќе ја пронајдат својата цел без да поминат низ тешки периоди, но во исто време не сакаше да се фокусира многу на неговите страдања, за луѓето да можат да го забележат начинот на кој Бог работеше во неговата приказна.
Ние тежнееме кон тоа да ги посакуваме нашата цел и нашиот мир без да се соочиме со тежина. Мислиме дека доколку нешто не ни оди добро како што очекуваме, тогаш не вреди ни да се трудиме, но Исус никогаш не ни даде ветување дека на земјата ќе имаме лесен живот. Всушност, Тој се осигура да ни даде до знаење дека ќе се соочиме со неволји во овој свет, додека во исто време, нѐ остави со надеж и мир во нас преку фактот дека Тој веќе го победи светот и е над сѐ.
Тој ни дава утеха и удобност со тоа што ни дава до знаење дека го победи светот и е над сѐ. Во истата глава во 2 Коринтијаните, Павле ни пишува за начинот на кој Бог натприродно ги утешил во целата таа хаотична околност и го претставува ова како можност за нас да можеме и ние да споделуваме утеха и удобност луѓето во нашето опкружување.
Ние ќе се соочуваме со бури во овој живот, но овие бури многу често ја откриваат состојбата на нашата вера. Дали знаеме да одговориме правилно согледувајки ја важноста во нашето страдање или се фокусираме на погрешните прашања?
Во Марко 4, можеме да прочитаме за една бура со која се соочувале учениците, во буквална смисла. Во бродот удирале ветрови и бранови, и учениците се уплашиле дека ќе се удават, но Исус во текот на целото тоа невреме си спиел во бродот. Учениците го приметиле тоа и вознемирени веднаш го разбудиле Исус и го прашале:
… “Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“ Марко 4:38 MK2006
Не ли е ова прашањето за кое сме искушувани да му го поставиме и самите ние во текот на нескротливите бури во нашиот живот? Боже, не ли ти е грижа за ова што се случува?
Исус одговара со тоа што ја смирува бурата, но исто така со предизвик за нивната удобност. Тој се грижеше доволно, не само за да им го реши проблемот туку и да ја провери длабочината на нивната вера.
Кога ние го познаваме Исус, можеме да бидеме уверени дека Тој се грижи за нашите бури и е со нас во текот на тие бури. Па дали можеме ли да живееме во мир додека се соочуваме со болка? Да. Но е потребна вера—вера во тоа дека има некаква цел позади периодот низ кој поминуваме и нашиот Бог не е загрижен во текот на овој период.
Опис за овој план
Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.
More