Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. Тој нѐ утешува при секоја наша неволја, та и ние да можеме да ги утешиме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас самите! Зашто, како што изобилуваат Христовите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христос. Ако сме во неволја, – тоа е за ваша утеха и спасение; ако сме утешени, тоа е за ваша утеха и спасение. Тие стануваат делотворни само кога ги претрпувате истите страдања што ги трпиме и ние; а и надежта наша за вас е цврста, знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учесници и во утехата. Браќа, не сакаме да ја затаиме неволјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува; па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени поради вас.
Прочитај 2 Коринтјаните 1
Слушај 2 Коринтјаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 1:3-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа